ИЈЗ: Регистрирани 643 заболени од грип

Скопје, 1 февруари 2019 (МИА) – Во текот на изминатата недела (од 21 јануари до 27 јануари), се регистрирани 643 заболени од грип, што е зголемување за 20,2 отсто споредено со неделата пред неа кога беа регистрирани 535 заболени од грип, се наведува во извештајот, што на својата веб страница го објави Институтот за јавно здравје.

Бројот на пријавени лица изминатата недела е помал за 40,7 отсто споредено со истиот период минатата сезона кога беа пријавени 1.085 случаи. Активноста на вирусот на грип е под сезонското ниво, односно сѐ уште не е достигнат прагот на влез во сезоната на грип.

Оваа недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ пристигнати се 19 материјали за тестирање на грип, од кои 12 (63,2 отсто) се позитивни за присуство на вирусот на грип – 10 Influenza A(H1N1)pdm09 и два Influenza A(H3).

Најголем број заболени (457) се пријавени во најголемата возрасната група од 15-64 години, а највисока инциденца од 50,8 на 100.000 жители е регистрирана кај децата на возраст до четири години.

Оваа недела пријавени се заболени лица од 25 извештајни единици. Најголем број заболени се пријавени од подрачјето на Центарот за јавно здравје Скопје (85), а највисока инциденца е регистрирана на подрачјето на Подрачната единица Дебар (209 на 100.000 жители).

Во сезоната 2018/2019 вкупниот број на заболени од грип изнесува 2.873. Оваа сезона, најголем број на заболени лица се регистрирани во Подрачната единица Гостивар (568), во Центарот за јавно здравје Тетово (359) и во Центарот за јавно здравје Скопје (283).

Од почетокот на сезоната 2018/2019, во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при ИЈЗ, пристигнати се 99 хумани материјали од здравствените установи – од амбулантски и болнички лекувани пациенти, од кои 21 (21,2 отсто) се позитивни за присуство на вирусот на инфлуенца.

Според податоците добиени од Управата за електронско здравство, вакцинирани се вкупно 19.942 лица со бесплатните вакцини против сезонски грип (лица постари од 65 години со просечна, потпросечна пензија или без примања).

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Read more

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе