ИЈЗ: Регистрирани 90 заболени од грип

Скопје, 7 декември 2018 (МИА) – Од 26 ноември до 2 декември во Република Македонија се регистрирани 90 заболени од грип, што е зголемување за 21,6 отсто споредено со предминатата недела, се наведува во извештајот што на својата веб страница го објави Институтот за јавно здравје.

Најголем број заболени, 63 се пријавени во најголемата возрасната група од 15-64 години, додека највисока инциденца од 12,1 на 100.000 жители е регистрирана кај најмалите, децата на возраст до четири години.

Оваа недела пријавени се заболени лица од 16 извештајни единици, а во три извештајни единици бројот на пријавени заболени лица е над 10. Најголем број заболени, 18, се пријавени од подрачјето на Центарот за јавно здравје Струмица, додека највисока инциденца од 62,5 на 100.000 жители е регистрирана на територија на Подрачната единица Македонски Брод.

Во 15 извештајни единици се регистрира многу ниска активност на вирусот на грип, а само во една (ПЕ Македонски Брод) се регистрира сезонска активност.

Споредено со истиот период од минатата сезона (646), постои намалување на вкупниот број на пријавени случаи за 32,8 отсто, а во однос на моделот за последните осум сезони се регистрира намалување од 32,7 отсто.

Во текот на 48-мата недела од 2018, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ пристигнати се девет материјали за тестирање на грип. Тестираните материјали се негативни на присуство на вирусот на инфлуенца. 

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Македонија

3,85 отсто е одзивот во првите 2,5 часа, 12 приговори пристигнале во ДИК

Read more

Во првите 2,5 часа од гласањето пријавени се само технички проблеми

Read more

Променливо облачно време со температури до 24°C

Read more

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Read more
 

Вести

  • play_arrow
  • filter

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Читај повеќе

3,85 отсто е одзивот во првите 2,5 часа, 12 приговори пристигнале во ДИК

Читај повеќе

Во првите 2,5 часа од гласањето пријавени се само технички проблеми

Читај повеќе

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Читај повеќе
  • play_arrow

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Читај повеќе

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Читај повеќе

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Читај повеќе

Раст на Волстрит втор ден по ред

Читај повеќе

Променливо облачно време со температури до 24°C

Читај повеќе