ИЈЗ: За 9,9 отсто намален бројот на нови случаи со COVID-19

Скопје, 2 декември 2020 (МИА) – Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 23 до 29 ноември намален е бројот на нови случаи со COVID-19.

Тестирани се вкупно 18.767 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, што е 4,6 отсто помалку во однос на минатата недела. Регистрирани сe 6.745 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со намалување од 9,9 отсто во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=2.863; 42,4 отсто), со неделна инциденца – 326/100.000. Процентот на позитивни од тестирани во периодот на известување е 35,9 отсто, соопшти Министерството за здравство.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица над 60 години (n=1.624, 24,1 отсто). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30 до 39 години (n=1.409; 20,9 отсто), од 40 до 49 (n=1.258; 18,7 отсто), од 50 до 59 (n=1.210; 17,9 отсто) и од 20 до 29 (n=877; 13 отсто). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=99; 1,5 отсто) и од 10 до 19 години (n=261; 3,9 отсто).

По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, оздравени се водат 5.930 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 16,3 отсто повеќе во споредба со минатата недела.

Пријавени се 206 смртни случаи од 25 града, што е незначително намалување за еден отсто во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 169 лица биле над 60 години, 30 лица на возраст од 50 до 59 години, три смртни случаи се пријавени од возрасната група од 40 до 49 години и четири случаи во возрасната група од 30 до 39 години.

Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 23 до 29 ноември, како и кумулативната состојба се објавува на веб страницата на ИЈЗ: http://iph.mk/ 

реклама

Македонија

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Read more

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Read more

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе