Икарди му донесе победа на Интер во градското дерби

Фудбалерите на Интер излегоа како победници од „Миланското дерби“ кое синоќа се одигра на Џузепе Меаца. Единствениот гол го постигна капитенот на домаќините, Мауро Икарди, по една грешка на гостинскиот голман.

Пред само 2 години Антонио Донарума беше опишуван како новото „чудо од дете“ и требаше да биде долготрајна замена за Џанлуиџи Буфон на голот на италијанската репрезентација, но и нов лидер чија задача беше да го врати Милан во врвот на европскиот фудбал. Денес тој е само сенка од тој Донарума и поради тоа добива многу критики од фановите, а вчерашната грешка го чинеше неговиот тим пораз во градското дерби.

Интер се наоѓа во одлична форма и вчера ја запиша седмата победа во низа, додека Милан го забележа првиот пораз од август наваму. Формалниот домаќин беше далеку подобар противник во второто полувреме, но сепак му требаше голманска грешка за да го пронајде патот до мрежата. За нивна среќа, Донарума лошо ја процени топката во 92 минута од натпреварот и на Икарди му преостана само да ја смести топката во празната мрежа.

Пред ова коло Милан успеа да врзе две победи во лигашките натпревари, но изгледа дека тоа беше само моментална форма на некогашниот италијански гигант. Вчера тимот изгледаше немоќно на теренот, а Интер само ја продолжи агонијата на Милан.

Со оваа победа Интер се искачи на третото место на табелата, престигнувајќи го тимот на Лацио и сега се наоѓа на само 2 бода зад второпласираниот Наполи. Од друга страна, Милан забележа уште еден пад на табелата и сега се наоѓа на 12 место на табелата во Серија А.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Фудбал

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Read more

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Read more

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Read more

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Read more
 

Спорт

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе

Крај на сезоната за Де Јонг

Читај повеќе

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Читај повеќе

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Читај повеќе