Икарди заборавен: Само еден играч на Интер му честитал роденден

Аргентинецот деновиве го прослави својот 27-ми роденден, но само еден од неговите поранешни соиграчи се сети да му честита.

Мауро Икарди неславно се раздели со Интер. Летоска замина во ПСЖ, а дека неговите сега веќе поранешни соиграчи едвај чекале да го снема говори и фактот што неговиот роденден во средата му го честита само еден интерист.

Самиот Икарди на својот Instagram профил споделуваше сториња со личности кои му честитале роденден, а помеѓу нив, изненадувачки, ниту еден од Интер. Единствениот интериста всушност сезонава како позајмен игра за Џеноа, кај Пандев.

Само младиот Андреа Пинамонти се сетил на својот поранешен соиграч и со посветата „Среќен роденден другар мој“ му се обратил на Икарди.

Никој, никој друг. Ниту Брозовиќ, ниту Весино, Ранокија, Кандрева, Хандановиќ, Д'Амброзио, играчи со кои повеќе сезони ја делеше соблекувалната.

Икарди заедно со соиграчите Единсон Кавани и Анхел Ди Марија во средата вечер направија голема забава славејќи ги заедно нивните три родендени. Кавани и Ди Марија се родени на 14-ти, но се договориле со Икарди да прослават заедно после гостувањето кај Борусија во Лигата на шампионите во вторникот.

 

 

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Фудбал

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Read more

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Read more

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Read more

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Read more
 

Спорт

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе

Крај на сезоната за Де Јонг

Читај повеќе

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе