Пукањето на бетонска брана на реката Рангитаики во Нов Зеланд доведе до вонредна состојба во која досега се евакуирани над 2.000 луѓе. Откако циклонот Деби предизвика невидени поплави, евакуацијата на луѓето се одвива со помош на глисери и трактори.
Нивото на вода во некои куќи достигна повеќе од еден метар, а водостојот на реките е на највисоко ниво во историјата на Нов Зеланд.
Поради циклонот, многу градови се погодени од обилни дождови, но метеоролозите предвидуваат дека најлошото е поминато и се очекува подобрување на времето во следните неколку дена.