Илјадници откази во унгарските болници: Не можеме повеќе

Неколку илјади вработени во унгарските болници поднесоа оставки, осудувајќи ги новите државни договори за вработување, но раководството вчера се обиде да ги убеди да ја сменат својата одлука, тврдејќи дека Унгарија се соочува со третиот бран на епидемијата на коронавирус.

Според вчерашното соопштение на Државната здравствена служба (OFKO), „95 проценти од 110.000 вработени потпишале“ нови договори пред истекот на рокот, 1 март, а останатите 5.500 не го сториле тоа, па биле принудени да ја напуштат работата.

Золтан Џенеи, шеф на OFKO, сепак, сакаше да ја ублажи загриженоста, велејќи им на новинарите дека здравството, иако е под притисок поради пандемијата со COVID-19, сепак може да функционира и така, дури и подобро отколку порано. Законот за дефинирање на новите услови за работа беше усвоен од Парламентот во октомври 2020 година.

Планирано е зголемување на платите, што премиерот Виктор Орбан го оцени како „невидено“, а воведени се и санкции за лекарите кои примаат мито од пациентите, што е вообичаена практика во Унгарија.

Но, некои други одредби ги налутија вработените во здравството, кои сметаат дека повеќе нема да добиваат бонуси или веќе нема да им биде дозволено да вршат друга работа во приватни клиники.

Во болница во Будимпешта во еден од одделите, само 20 проценти од специјалистите го обновиле договорот, се наведува во писмото објавено на веб-страницата на Telex. „Не можеме повеќе да работиме“, призна главниот лекар.

„Светлата се исклучени“, велат вработените во одделот за интензивна нега во друга болница во главниот град.

Либералниот градоначалник Гергељи Каракони ја критикуваше владата за „загрозување на обезбедувањето здравствена заштита среде вирусна епидемија“.

Унгарскиот здравствен систем страда од хронично недоволно финансирање, а според Светската здравствена организација (СЗО), буџетот на тој сектор по глава на жител е само половина од европскиот просек.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Свет

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе