Илјадници присутни на комеморацијата на Џорџ Флојд во Минеаполис

МИА/КАЈГАНА
/ 05.06.2020 / 08:43

Илјадници луѓе ноќеска присуствуваа на комеморацијата на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој минатиот понеделник беше убиен од страна на полицаец во Минеаполис.

Познати личности, активисти за граѓански права, политичари, обични граѓани, пријатели и семејството на убиениот Флојд беа меѓу собраните на комеморацијата.

Тие му оддадоа почит на Флојд стоејќи во тишина осум минути и 46 секунди, времето колку што офицерот Дерек Шовен го држел коленото на вратот на жртвата.

Градоначалникот на Минеаполис Џејкоб Фреј, на почетокот на комеморацијата се појави на комеморацијата, клекна и плачеше крај ковчегот на Џорџ Флојд.

Телото на Џорџ Флојд е положено во златен ковчег опкружен со цвеќиња, а покрај неговиот портрет, зад присутните беше поставен мурал со неговиот лик, пренесува Guardian.

Адвокатот на семејството Флојд, Бенџамин Крамп изјави дека не сакаат два правосудни системи во САД, еден за црнците и еден за белците.

- Џорџ Флојд не го уби пандемијата на коронавирусот. Другата пандемија, што многу добро ја знаеме во САД, го уби Џорџ Флојд, пандемијата на расизмот и дискриминација, рече Крамп.

Комеморацијата во Минеаполис е прва во низата, бидејќи комеморативните собири ќе се одржат во уште во два града во САД.

реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе
  • play_arrow

Османи: Овие избори се одлучувачки, граѓаните имаат две опции

Читај повеќе
  • play_arrow

Пендаровски: Држава што преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес

Читај повеќе

Јакимовски: Најголема шета ѝ се прави на Македонија ако не се излегува да се гласа

Читај повеќе