Извршниот директор на Neuralink, Илон Маск, ги објави неверојатните можности за мозочни и други импланти на својата социјална мрежа X.

Мозочниот имплант на Neuralink беше предмет на многу интриги и контроверзии во 2019 година, кога беше воведен. Ова исто така важи и за тестирањето на овој имплант врз животни. Имплантот е наменет да им помогне на луѓето со парализа да имаат одредено ниво на мобилност.
Првиот човек кој добил ваков имплант бил 29-годишниот Ноланд Арбо, кој брзо бил обучен да управува со лаптоп користејќи го само неговиот мозок. Ова ја докажа ефективноста на самиот концепт на мозочен имплант.
Neuralink во мај оваа година објави дека бараат уште три лица на кои ќе им имплантираат. Маск посочи дека следната недела треба да се всади уште едно лице и се надева дека до крајот на оваа година ќе има „висока едноцифрена“ бројка на оние кои ќе бидат имплантирани. Ова сугерира дека Neuralink можеби го забрзува својот развој.
Тој се осврна и на проблемите со имплантите, како и на нивната иднина. За Маск, веројатно е и инсталирањето на роботски екстремитети, добиени од хуманоидниот робот Optimus развиен од неговата компанија Тесла. Тој верува дека луѓето кои изгубиле делови од телото ќе имаат поголема слобода, па дури и ќе им ги дадат супермоќите на киборзите (организам подобрен од технологијата), пренесува американскиот деловен портал Inc.