Илон Маск се закани дека ќе се откаже од понудата да го купи Twitter

Милијардерот Илон Маск се закани дека ќе се откаже од понудата вредна 44 милијарди долари за купување на Twitter. Маск ја обвини компанијата дека одбива да му даде информации за бројот на лажни профили, пишува AP.

Адвокатите на Маск упатија писмо во кое се надведува дека Маск повеќе пати побарал информации за да се процени колку профили на Twitter се лажни од вкупно 229 милиони профили.

Акциите на Twitter Inc денес паднаа за 5 проценти. Во писмото на адвокатите стои дека Twitter понудил само детали за методите на тестирање на компанијата, но тие тврдат дека тоа е еднакво како одбивањето на Маск за барање податоци. Маск ги бара тие податоци за да направи сопствена проверка бидејќи смета дека методологијата на Twitter има маани.

Маск верува дека компанијата дава отпор и не ги почитува неговите права на информации со договорот за спојување потпишан претходно, велат адвокатите.

„Ова е очигледна материјална повреда на обврските на Twitter кон договорот за спојување и затоа господин Маск ги задржува сите права кои произлегуваат од тоа. Тоа го вклучува и правото да не ја купи компанијата и право да го раскине договорот за спојување“, стои во писмото на адвокатите.

Параг Агравал, извршниот директор на Twitter, вели дека компанијата доследно проценува дека помалку од 5 проценти од профилите на Twitter се лажни.

Маск, како еден од најактивните славни корисници на Twitter, има проблеми со ботови бидејќи многу лажно профили го имитираат и се извлекуваат со измами со криптовалути. Ако Маск го прекине договорот за продажба со Twitter, можно е да плати надомест од милијарда долари, сметаат експерти.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Секси петок

Read more

Интернет

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Read more

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Read more

Instagram воведува голема промена

Read more

Starlink ќе обезбеди брз интернет на првата приватна вселенска станица

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе