Илон Маск стана најследената личност на социјалната мрежа што си ја купи

Илон Маск стана најследената личност на Twitter со 133,1 милиони следбеници.

Титулата му ја „зеде“ на поранешниот американски претседател Барак Обама, кој има 133,04 милиони следбеници. На третото место е пејачот Џастин Бибер со 113,31 милиони следбеници.

Како што е веќе познато, Маск го купи Twitter за 44 милијарди долари во октомври минатата година. Тој е критикуван за отпуштањето на поголемиот дел од вработените.

Како дел од напорите за зголемување на приходите на платформата, се планира да се воведе Twitter Blue, услуга за месечна претплата која им овозможува на луѓето да го одржуваат верификуваниот статус. Оваа услуга ќе почне да се наплаќа од утре. Се разбира, тоа наиде на неодобрување кај многумина.

Милијардерот изјавил дека така одлучил затоа што сака сите да бидат еднакви. Тој смета дека познатите личности не треба да имаат привилегиран статус.

Тој им наредил на вработените да го променат алгоритмот за на корисниците на оваа социјална мрежа прво да им се прикажуваат неговите твитови. Само неколку часа подоцна, луѓето почнаа да објавуваат слики од екранот кои покажуваат дека делот „for you“ на страницата не покажува ништо друго освен твитовите на Маск.

Тагови
реклама

Два знака од Зодијакот цел јуни ќе имаат поволен финансиски период

Read more

Скандалозно исфрлен фоторепортер од Ролан Гарос

Read more

За една ноќ во Скопје 13 уапсени поради поседување дрога, меѓу нив и малолетник

Read more

Како се снимаше Lord of the Rings

Read more

Интернет

На Twitter му се заканува забрана од ЕУ

Read more

Дали знаете како да си ја зачувате приватноста на сите ваши апликации?

Read more

Како да проверите дали некој ви ја „хакнал“ лозинката?

Read more

Рекламите стигнаа и на Gmail

Read more
 

Гик

Поради технички проблеми Boeing го одложи првиот лет со екипаж на Starliner

Читај повеќе

Лекарите велат дека ова е најважниот вирус за кој никогаш не сте слушнале

Читај повеќе

Со помош на ултразвучни бранови во иднина и луѓето ќе хибернираат

Читај повеќе
  • play_arrow

Ѓердан со заб од мегалодон пронајден во потонатиот Титаник

Читај повеќе

Кои се најпопуларните телефони од врвна класа во првиот квартал?

Читај повеќе

The Witcher 3 е најпродавана RPG игра во историјата

Читај повеќе

Google веќе го распродаде најскапиот телефон, а уште не е пуштен во малопродажба

Читај повеќе

Италија сака да инсталира Ајнштајнов телескоп во напуштен рудник

Читај повеќе

На Twitter му се заканува забрана од ЕУ

Читај повеќе