Извршниот директор на Twitter, Илон Маск, објави твит со само една точка на својот профил, што ги подели неговите следбеници и предизвика многу шпекулации за значењето на твитот.

Корисниците на Twitter објавија бројни интересни коментари под твитот, а самиот твит за кратко време стана вирален на интернет.
Апстрактниот твит моментално има повеќе од 29,9 милиони прегледи и над 197 илјади лајкови.
Контекстот на овој твит засега не е познат, а Маск неодамна истакна дека претходните три месеци биле „исклучително тешки“.
Маск истакна дека морал да го спаси Twitter од банкрот, додека истовремено извршувал должности во компаниите Tesla и SpaceX.
Останува да видиме на што се однесува твитот со точка и на која од компаниите во сопственост на ексцентричниот милијардер.