Илон Маск, тргни се да помине дечково

Во Африка има еден дечко кој би можел да биде африканскиот Илон Маск.

Зошто? Затоа што направи автомобил од фрлени делови.

Кој е тој, како го направи тоа чудо и дали може ова возило да биде самовозечко, како некои од моделите на Tesla?

Во трошна куќа во Гана, Nas Daily го пронајде Келвин, сиромашен млад човек кој расте во земја каде просечната плата е помала од триста долари месечно. Но, тоа не ги попречуваше неговите амбиции да стане инженер. Уште од неговата десетгодишна возраст, Келвин минуваше време во гаражата правејќи играчки, роботи, па дури и правосмукалки од отпад, делови и други предмети што ги наоѓа насекаде околу него.

„Сфатив дека имам страст за создавање машини, не сум посетувал никакво училиште за инженери, самоук сум“, вели Келвин.

Четири години поминал во автомеханичарски работилници и автосалони за да научи сè за автомеханиката. Собрал делови од депонии, градилишта, по улици...

„Кога започнав да правам автомобили, луѓето не разбираа што навистина сакам да направам. Се обидуваа да ме обесхрабрат, некои дури ми рекоа дека сум луд“, се сеќава тој.

Но, чекор по чекор, автомобилот ја доби посакуваната форма. Сепак, не можеше да се собере сè од улица, па Келвин вложи уште поголем труд за да заработи пари за моторот. Така, на 18-годишна возраст, по многу неуспешни обиди и грешки, Келвин конечно успеа да ја приврши работата - автомобилот го виде светлото на денот. Го доби името Kelvin Mobile.

Вратите на возилото се отвораат нагоре, како на Ferrari има 300 коњски сили и сè што има „нормален“ автомобил - дури и радио.

„Сè на сè, ме чинеше помалку од 3.000 долари“, вели дечкото кој е единствениот во градот кој поседува автомобил. Ова значи дека секојпат кога „врти кругче“, го привлекува вниманието на целата област, луѓето излегуваат на улиците и следат каде ќе оди.

Она што е уште пофасцинантно е фактот дека Келвин нема намера да застане тука - напротив, следната цел што си ја постави е да направи самовозечки електричен автомобил. И после тоа? Вредниот и амбициозен млад човек фантазира и за производство на авиони и ракети - дали ќе успее во тоа, останува да видиме...

Remote video URL
Тагови
реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Чек дис аут

Вирална снимка од поплавите во Дубаи: Мачка очајно се држи за автомобил

Read more

Мис ВИ: Се избира најубавата компјутерски генерирана жена

Read more

Како да рециклирате пластични шишиња дома?

Read more

Како изгледа животот во државата која официјално не постои?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Вирална снимка од поплавите во Дубаи: Мачка очајно се држи за автомобил

Читај повеќе
  • play_arrow

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Читај повеќе

Харизматични, неодоливи и вистински господа – најпосакуваните мажи во хороскопот

Читај повеќе

Захер тортата настанала непланирано, а поради богатиот вкус го освои светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Сочни и крцкави со месеци: Трик за складирање јаболка од XVIII век

Читај повеќе

Ресторан дава бесплатно шише вино ако не зјапате во телефонот додека јадете

Читај повеќе

Зошто не треба да спиете со мокра коса?

Читај повеќе
  • filter

Мис ВИ: Се избира најубавата компјутерски генерирана жена

Читај повеќе

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Читај повеќе