Илон Маск тврди дека рекордно пораснал бројот на корисници на Twitter

Еден месец по преземањето на Twitter, американскиот милијардер Илон Маск тврди дека платформата бележи рекорден раст на нови корисници.

Маск рече дека од 16 ноември Twitter добива повеќе од 2 милиони нови корисници дневно и тоа во период од седум дена. Тој додаде дека порастот на дневните регистрации е за 66 отсто поголем во однос на истиот седумдневен период во 2021 година.

Тој рече дека е забележан рекорден раст на минутите на корисничка активност, така што просекот за седумдневниот период кој почна на 15 ноември изнесува речиси 8 милијарди активни минути користење на Twitter. Тоа претставува зголемување од 30 отсто во однос на истиот период лани. Исто така, Маск ја искористи можноста да нагласи дека има намалување на говорот на омраза.

Сепак, многумина сметаат дека неговите податоци за говорот на омраза се „дискутабилни“ и дека во најдобар случај претставуваат „нецелосна“ слика за ситуацијата. Една од причините е што податоците вклучуваат само твитови на англиски јазик. Нема финансиски податоци, а Маск претходно им кажа на вработените дека Twitter губи толку многу пари што „банкротот не е невозможен“. Неодамна објавените бројки покажуваат дека Twitter изгубил 50 од своите 100 најдобри огласувачи откако Маск ја презеде функцијата.

Сепак, тој рече дека Twitter е на пат да надмине една милијарда месечни активни корисници за 12 до 18 месеци, а тоа ќе бара драматично зголемување на новите корисници. Платформата оваа година има 450 милиони месечни активни корисници.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Вести

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Read more

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Read more

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Read more

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Read more
 

Гик

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе
  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе