Илон Маск воведува амнестија на Twitter, ги враќа суспендираните профили

Новиот сопственик на Twitter, Илон Маск, денеска соопшти дека дава „амнестија“ за суспендирани профили.

Објавата следеше откако тој објави анкета на Twitter за реактивирање на профили кои „не го кршат законот или шират одвратен спам“. „За“ гласаа 72,4 отсто од оние кои одговориле.

„Народот го кажа своето. Амнестијата почнува следната недела. Vox Populi, Vox Dei“, напиша Маск на Twitter, користејќи ја латинската фраза што значи „Гласот на народот, гласот на Бога“.

URL

Претходно го врати профилот на Трамп

Маск ја употреби истата латинска фраза откако објави слична анкета минатиот викенд пред повторно да го активира профилот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој беше забранет поради поттикнување немири во Капитол на 6 јануари 2021 година. Трамп рече дека нема да се врати на Twitter, но не го избриша профилот.

URL

Еден ден откако ја презеде контролата, Маск објави на Twitter дека нема да бидат вратени суспендираните профили додека Twitter не формира „совет за уредување на содржината“ за да ги разгледа случаите.

Во вторникот, тој рече дека го отфрла ветувањето бидејќи се согласил на тоа на инсистирање на „големата коалиција на политички и општествени активистички групи“ кои подоцна „го прекршија договорот“ кога ги повикаа огласувачите барем привремено да престанат да се рекламираат на Twitter.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Интернет

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Read more

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Read more

Instagram воведува голема промена

Read more

Starlink ќе обезбеди брз интернет на првата приватна вселенска станица

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе