Илустрирана љубов: Како изгледа кога омилената интернет двојка чека второ дете?
Пред две години, илустраторот Јехуда Девир и неговата сопруга Маја соопштија (преку илустрации, секако!) дека го чекаат првото дете.
Сега динамичното дуо што станаа миленици на интернетот чека второ дете и ја сподели веста преку нов серијал илустрации.
Животот на Маја и Јехуда стана модерна бајка низ прекрасните илустрации во кои се заљуби светот, па одвај чекаме да видиме какви лудории ќе им се случуваат како четиричлено семејство.