Чек дис аут

Илузионист ѝ се закани на Меј: Преку телепатија ќе го запрам Брегзит

25. март 2019 - 10:26 | МИА/КАЈГАНА

Лондон, 25 март 2019 (МИА) – Израелско-британскиот илузионист Ури Гелер ѝ порача на британската премиерка Тереза Меј дека нема да дозволи Велика Британија да излезе од Европската Унија и дека за таа цел ќе употреби и телепатија врз неа самата.

Во отворено писмо до Меј, тој нагласува дека „физички и доста силно“ чувствува дека мнозинството Британци се против Брегзит.

„Многу ми се допаѓате, но нема да Ви дозволам да ја одведете Британија во Брегзит. Без обѕир колку Ви се восхитувам, телепатски ќе Ве запрам и, верувајте ми, јас можам тоа да го изведам“, истакна Гелер.

Илузионистот кој сега живее во Израел, а живеел и на Островот, посочи дека ја знае премиерката 21 година и дека таа била и гостин во неговата куќа, како и дека три години пред да стане премиерка, тој го предвидел тоа.

Според The Guardian, британското разузнавање ги тестирало моќите и телепатските способности на Гелер, кој инаку во јавноста стана најпознат по телепатското виткање лажици.

Коментирај