Чек дис аут

Им текна да ја сменат

18. јуни 2018 - 15:18 | А.С.

Емануел Сантос е авторот на бистата со ликот на Кристијано Роналдо што лани во март беше поставена на аеродромот на португалскиот остров Мадеира, што го носи името на фудбалскиот ас.

По откривањето на бистата во родниот град на Роналдо, уметникот и делото стана предмет на исмевање и многумина упатија критики дека бистата воопшто не личи на фудбалерот и дека гримасата е по малку гротескна.

Локалните власти тогаш не реагираа, но една година подоцна се чини дека конечно се сетија да ја сменат бистата и да го сопрат непрекинатото исмевање со бистата која стана предмет на меме битки на интернет.

Новата биста беше поставена во петокот и веднаш наиде на реакции.

Додека братот на Роналдо, Хуго Авеиро, рече дека е задоволен со новата биста, фановите на првата почнаа петиција на Фејсбук за нејзино враќање.

Што мислите вие, која е подобра?

Коментирај