Љубов и секс

Има 10 типови на секс личности, каков љубовник сте вие?

12. септември 2017 - 19:04 | А.С.

Секс-експертката Трејси Кокс открива кои се десетте типови на љубовници, од „сензуални“ до „зависници“ и кои се „потезите“ со кои може да ги заведете.

Заборавете на сѐ што мислите дека знаете за сексот, како на пример дека спротивностите се привлекуваат: во кревет подобро е да сте слични.

Сензуален тип

За нив секот е начин да се искаже љубовта. Емотивната интимност им е поважна од сексуалната вештина.

Совршен секс-потег: Забавете го темпото, фокусирајте се на допири и галење, бирајте пози лице-в-лице. Задржете го погледот на партнерот/партнерката, особено кога доживува оргазам.

Еротски тип

Сексот мора да биде интензивен и страстен. „Обичниот“ секс е ок за нив, но мора да надоместите со нешто многу екстравагантно подоцна.

Совршен секс-потег: Разноликоста е од клучно значење за квалитетен сексуален живот и задржување на вниманието на овој тип. Почнете со секси пораки, продолжете со менување на најмалку една работа секој следен пат кога ќе имате секс (местото, начинот, време од денот) и правете наизменични кратки, интензивни секс-сесии со долги и издржливи.

Нервозен тип

Сексот го користат како метод за ослободување од стрес и стануваат раздразливи ако им го ускратите тоа задоволство. Најчесто мажите се припадници на овој тип што се поврзува со луѓе кои мастурбираат како метод за справување со стресни или нервозни ситуации и други негативни емоции.

Совршен секс-потег: Ова е еден од најнепожелните типови на сексуален партнер. Не е на одмет да побарате професионална помош од психотерапевт, за засебни сеанси и како двојка. Поставете правила и држете се до нив ако сакате да имате подеднаква контрола и почит во сексуалната врска.

Реактивен тип

Сексот а нив значи давање, не примање. Причината за ова може да биде ниско либидо или потреба да го видат партнерот возбуден за да се возбудат самите.

Совршен секс-потег: Договарањето игра клучна улога. Направете договор да се задоволувате наизменично, па потоа преминете на истовремено уживање. Игри со врзување помагаат многу за овој тип.

Себичен тип

Овој тип смета дека има „право на секс“ и има многу малку разбирање за потребите и задоволувањето на партнерот/партнерката. Верува дека сексот „му следува“, односно дека вие како партнер/ка „му должите“ одредена количина и разновидност на сексуални активности.

Совршен секс-потег: Не постои. Ако вие или вашиот партнер сте овој тип, се препорачува што е можно побрзо да се почне со психотерапија.

Зависен тип

Сексот за овој тип е нешто многу привлечно и комплицирано за менаџирање и контролирање. Сексот има контрола врз овие луѓе и се прилично наклонети кон неверства.

Совршен секс-потег: Бидете конкретни во вашите барања од врската и поставете ги границите на поимот „изневерување“. Охрабрете ги да ја насочат енергијата на некакво хоби, а вие потрудете се да имате возбудлив сексуален живот, секако, во рамките на вашите желби и можности.

Несигурен тип

Сексот за нив претставува стрес. Постојано се загрижени дека нема да ги бива, дека не се доволно добри или дека не се адекватен партнер за личноста со која се во врска.

Совршен секс-потег: Охрабрете ги да зборуваат за она што ги прави несигурни и нервозни. Дали биле воспитувани дека сексот е „лош“ и „валкан“, дали биле со партнер кој постојано ги критикувал? Давајте им  заслужени комплименти и охрабрувајте ги, овој тип може многу да изненади откако ќе ги надмине инхибициите.

Незаинтересиран тип

Сексот не им причинува некакво особено задоволство, речиси никогаш не го иницираат и ретко го посакуваат.

Совршен секс-потег: Разговарајте дали има некакви трауми од минатото и поттикнете го да зборува за она што го возбудува и стимулира.

Зафатен тип

Сексот е добар, но сѐ друго се чини е поважно или има поголем приоритет за овој тип. Работата, стресот, семејството, притисоците... сево ова го одвлекува „зафатениот тип“ од блискост со партнерот.

Совршен секс-потег: Договорете секс-состаноци и држете се до распоредот. Сензуални сесии пред сексот се добар начин да го опуштите.

Компулсивен тип

Сексот е добар само ако се следи една иста фиксна рутина или ритуал. Фетишите спаѓаат во оваа група. Сексот има врска со нивните потреби и многу ретко со тоа што сакате вие.

Совршен секс-потег: Ако вие ги споделувате истите интереси со компулсивниот тип и не ви пречат неговите ритуали/фетиши, добро. Во спротивно, побарајте совет од терапевт или барајте нов партнер. Советувањето ќе помогне само ако компулсивниот тип сака да се ослободи од неговите фетиши.

Коментирај