Има ли крај на маките на Tesla – Уште еден директор го напушти Елон Маск

Американската компанија за електричи возила Tesla остана без уште еден раководител. Потпретседателот на одделението за глобалниот синџир за набавка Лајам О’Конор му ја достави оставката на Елон Маск.

Веста за неговото заминување прв ја објави „Блумберг“, откако инсајдерски извори од компанијата ја потврдија оставката на О’Конор.

Ниту од компанијата, ниту О’Конор не сакаа да ја коментираат објавената вест.

О’Конор, кој дојде во Tesla од Apple  во 2015 година, е најновото име во низата директори во компанијата што го напуштија Елон Маск во оваа бурна година за него и за Tesla.

Во изминатите квартали, компанијата се соочи со одложувања во производството, пад на цените на акциите и истрага за контроверзното однесување на претседателот Маск.

Главниот директор на сметководство Дејв Мортон поднесе оставка во почетокот на септември по еден месец на функцијата , а претходната шефица на одделот човечки ресурси Габи Толедано рече дека нема да се врати од претходно најавеното отсуство.

Најмалку 42 управители ја напуштија Tesla годинава, односно вкупно 59 во изминативе 12 месеци. Вредноста на акциите на Тesla вчера падна за околу 7% на 298,33 долари.

реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Топ 5 најдолговечни животни - некои живеат и илјадници години

Read more

Бизнис

Драстичен пад на цената на биткоинот

Read more

Народна банка воведе новa веб-услуга за автоматизирано преземање податоци од Курсната листа

Read more

Силен раст на акциите на Apple и Nvidia

Read more

Дали Германија ќе се опорави од кризата?

Read more
 

Вести

Без вода дел од Карпош

Читај повеќе

Иран зад себе има незамислива сила која е закана за целиот свет: Група од најбруталните терористи подготвени да интервенираат

Читај повеќе

Претпладне променливо облачно со сончеви периоди, попладне со локални врнежи од дожд

Читај повеќе

Г7 подготвува мерки против Иран

Читај повеќе

Од ДУИ ме нарекуваат анти Албанец и ксенофоб затоа што гласно говорам за нивниот криминал, рече Мицкоски

Читај повеќе

Сообраќајка со полициско возило во Скопје, шестмина повредени

Читај повеќе

Деветвалентната ХПВ-вакцина достапна кај нас од следниот месец

Читај повеќе

Тепачка во штипскиот затвор, надвор стигнала и поддршка од 30 лица

Читај повеќе

Двајца повредени во пожар во куќа во Скопје

Читај повеќе