Имаме 4,2 болнички кревети на 1.000 жители

Скопје, 8 август 2020 (МИА) – На ниво на ЕУ на 1.000 жители во просек има пет болнички кревети. Најмногу имаат Германија и Бугарија со над 7, а најмалку Шведска и Данска со под 2,5 кревети на 1.000 жители.

Нашата земја со 4,2 болнички кревети на 1.000 жители е некаде во средина. Од регионот Србија има 5,6 болнички кревети на 1.000 жители, по што следи Црна Гора со 3,9 и Албанија 2,8 – во 2013 година, за кога има последен пат податоци.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот од 2008 до 2018 година во нашата земја има раст на бројот на лекари, но пад на бројот на болнички постели на 1.000 жители.

Бројот на лекари во 2018 изнесува 6.364, од кои 3.831 специјалист. Со тоа бројот на лекари на 1.000 жители изнесува 3,1, што е раст во однос на 2008 година, кога имало 2,6. Ние, според податоците на намалување на бројот на болнички постели во споредба со пред десет години, од 4,5 на 1.000 жители во 2008, на 4,2 во 2018 година, покажуваат податоците на ДЗС.

На ниво на ЕУ просекот на болнички кревети изнесува 5 на 1.000 жители, покажуваат податоците на Евростат за 2018 година. Над 7 болнички кревети во ЕУ во 2018 имале Бугарија – 7,5, Австрија – 7,2 и Унгарија – 7, додека Германија во 2017, за кога има последно податоци е рекордер во ЕУ со 8 болнички кревети на 1.000 жители. На другиот крај од скалата се Данска со 2,4, Италија – 3,1 и Грција со 4,1 болнички кревет на 1.000 жители.

На ниво на ЕУ најмногу доктори на 1.000 жители има Грција – 6, по што следат Австрија со 5,2 и Норвешка со 4,8, покажуваат податоците на Евростат за 2018 година. Германија има 4,3, додека Шпанија – 4 и Италија – 3,9. На другиот крај од скалата се Велика Британија со 2,8, Романија со 3 и Франција со 3,1 доктор на 1 000 жители во 2018 година.

Во регионот со најмногу доктори, по Грција следува Бугарија со 4,2, Хрватска со 3,4, Словенија со 3,1, Србија со 2,9 и Црна Гора со 2,8 доктори на 1.000 жители. За Косово нема податоци, додека Албанија има 1,2 во 2013 година, за кога последно има податоци.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

Без струја дел од Карпош

Read more

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more
 

Вести

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе