Имамоглу нов градоначалник на Истанбул, Ердоган призна пораз

Истанбул, 24 јуни 2019 (МИА) – Кандидатот на опозициската Републиканска народна партија, Екрем Имамоглу, кој ги доби изборите за градоначалник на Истанбул, вети „нов почеток” во градот и изрази подготвеност за соработка со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Имамоглу освои 54 отсто од гласовите, оставајќи го зад себе кандидат на владејачката АКП и поранешен премиер Бинали Јилдирим.

Имамоглу победи на изборите на 31 март и беше градоначалник 18 дена, но изборната комисија, по жалба на АКП, ги поништи тие резултати поради неправилности.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган му честиташе на лидерот на опозицијата, Екрем Имамоглу, за победата во повторното гласање за градоначалникот на Истанбул.

„Му честитам на Екрем Имамоглу, кој победи според неофицијалните резултати”, напиша Ердоган на Твитер.

Разликата во гласовите помеѓу двата кандидата беше значително повисока отколку во март.

Во март, разликата беше 13.000 гласови во корист на опозицискиот кандидат, додека сега разликата се зголеми на над 777.000 гласови.

Со тој резултат партијата на Ердоган ја загуби власта во Истанбул по 25 години. Покрај Истанбул, Ердоган загуби и во Измир и Анкара во март.

реклама

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе