Иман за животот без Боуви: Осамена сум, но никогаш нема да се премажам

Дејвид е во нашите срца и мисли секој ден. Посакувам да имавме повеќе години заедно, вели Иман.

65-годишната манекенка од Сомалија, икона на модната сцена и вдовица на музичката легенда Дејвид Боуви – Иман - ја краси насловната страница на новиот број на списанието Harper's Bazaar за кое даде и ексклузивно интервју. Во него, таа зборуваше за својот приватен живот по смртта на нејзиниот сакан сопруг, со кого ја доби ќерката Александрија Захра Џонс (20).

Убавицата за списанието изјави дека Боуви е нејзината најголема љубов и сродна душа.

- Дејвид е во нашите срца и мисли секој ден. Знаете, тој беше мојата вистинска љубов... Ќерка ми еднаш ме праша дали повторно ќе се омажам, ѝ одговорив: „Никогаш!“. Имавме убав, обичен живот... Посакувам да имавме повеќе години заедно...

Мојот сопруг беше многу смешен, топол господин. Сите секогаш зборуваат за него како голем футурист, но не, тој всушност најмногу сакаше да носи троделно одело... ја продолжува приказната Иман, која беше со Боуви од 1990 година, до неговата смрт во 2016 година.

Култниот музичар почина на возраст од 68 години по тешката битка со ракот на црниот дроб.

Славната манекенка во интервјуто откри и дека се преселила од бучниот Њујорк на село.

- Отсекогаш сум била вистинска градска девојка, но сега навистина ја ценам земјата. Секој ден кога одам на планинарење, имам прекрасен поглед на планините што се менува буквално на неколку минути. Почнав и да сликам - Дејвид беше сликар, а и ќерка ми е сликарка. Никогаш порано не сум сликала во животот, но научив дека не мора да бидам добра во нешто за да почнам и да го правам тоа. Вистина е дека понекогаш сум осамена, но фала му на Бога, јас сум од оние луѓе кои уживаат во сопственото друштво, вели Иман.

За новиот број на Harper's Bazaar, таа исто така зборува за процесот на стареење.

- Јас сум Африканка и тоа никогаш не ме плашело, такви сме. Голема привилегија е да не се плашите од годините, вели супермоделот.

Таа потсети и на успешната манекенска кариера за време на која отворено се спротивстави на т.н. култура на славните.

- Ревиите доцнеа затоа што ја чекавме Парис Хилтон или некоја друга како неа! Тоа е глупост и не сакав да бидам дел од тој циркус. Што се однесува до хонорарите, добивав исти пари како моите бели колешки. На сите им реков: „Ја работам истата работа како нив, не гледам зошто да бидам платена помалку“. И, одбив да работам под различни услови, раскажува Иман, која исто така е активно вклучена во хуманитарна работа во добротворната организација Care.

- Знам како е да се биде бегалец. Знам како е да се биде имигрант. Знам како е да не си бел. Знам како е да не си маж. Знам како е кога треба да се прилагодиш на културата што не е твоја и копнееш по онаа што ја познаваш. Јас од прва рака ги знам дополнителните оптоварувања што може да ги донесе секоја од овие реалности, заклучува Иман.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Стил

Преполниот куфер ќе стане минато: Пробајте го генијалниот метод 333

Read more

Нема одмор за најубавата спортска новинарка во светот

Read more

Hats and the City – нов едиторијал на шапки од Мирјана Јосифоска

Read more

Најлоша мода на Оскарите 2024: Кај ви беше паметот?

Read more
 

Магазин

  • filter

Четири одлични совети: Слабеењето може да биде успешно и без одење во теретана

Читај повеќе

В недела почнува летното сметање на времето: Како поместувањето на стрелките влијае на нашето тело?

Читај повеќе

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе