Имате висок крвен притисок или можеби само погрешно го мерите?

Ако ја држите раката поставена погрешно додека мерите крвен притисок, може да ви биде дијагностициран висок крвен притисок, покажуваат истражувањата.

Научниците открија дека положбата на рацете прави „огромна разлика“ за да се добијат точни резултати.

Истражувачите во Соединетите Американски Држави открија дека кога раката стои свисната или без потпора, се преценува систолниот притисок (најгорниот број во отчитувањето на крвниот притисок) за 6,5 mmHg и дијастолниот крвен притисок (долниот број) за 4,4 mmHg, пишува The Telegraph.

Со ставање на раката во скут систолниот притисок покажува повисока вредност за 3,9 mmHg, а дијастолниот крвен притисок за 4 mmHg.

NHS советува дека правилниот начин за мерење е да седите на исправен стол со потпирач за грб, да ги ставите двете стапала рамно на подот и да ја потпрете раката на масата.

Исто така, на пациентите им се препорачува да се одморат пет минути пред мерењето.

Високиот крвен притисок го зголемува ризикот од срцев и мозочен удар, како и болести како васкуларна деменција, но бидејќи нема симптоми, невозможно е да се открие без тестирање.

NHS советува дека нормалниот крвен притисок е помеѓу 90/60 mmHg и 120/80 mmHg.

За покачен крвен притисок се смета 135/85 или повисок ако мерењето се прави дома, или 140/90 mmHg или повисоко ако мерењето се прави во аптека, кај општ лекар или во клиника.

реклама

Здравје

Помалку познати симптоми кои укажуваат на анемија

Read more

Не се јајца: Нутриционист откри кој е најздравиот појадок

Read more

Симптоми на рак на дебелото црево кои жените не смеат да ги игнорираат

Read more

Една чаша газиран пијалак дневно го зголемува ризикот од рак за 5 пати

Read more
 

Магазин

  • filter

Европа во срцето на Блискиот Исток: Богата арапска земја создаде своја европска оаза во пустина

Читај повеќе

Помалку познати симптоми кои укажуваат на анемија

Читај повеќе
  • play_arrow

Како печурките помагаат за топење на масните наслаги?

Читај повеќе

Не се јајца: Нутриционист откри кој е најздравиот појадок

Читај повеќе

Како да се ослободите од досадните траги од чаши на дрвените површини?

Читај повеќе
  • filter

Најубавата плажа за 2025 година: Позната е по чистата вода и песокот со розови примеси

Читај повеќе

Психолог тврди дека паровите најчесто се расправаат за три работи

Читај повеќе
  • play_arrow

Посна крем чорба од брокула и наут

Читај повеќе

Симптоми на рак на дебелото црево кои жените не смеат да ги игнорираат

Читај повеќе