УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2020/21

Имобиле: Јас сум најлошото засилување за Борусија? Понекогаш на играчите им треба време

Пред шест години беше прогласен за безнадежен случај во Дортмунд, синоќа Чиро Имобиле ѝ пресуди на Борусија.

Летото 2014 година Чиро дојде како големо засилување во Борусија откако жареше и палеше во дресот на Торино, но не се вклопи во германскиот стил и по само една полусезона си замина. Во Бундеслигата на 24 натпревари постигна само 3 голови.

„Велат дека сум бил најлошото засилување за Борусија? Понекогаш треба на играчите да им се даде време, да се сфати ситуацијата. Јас дојдов во Дортмунд во погрешен момент, кога имаше смена на генерацијата. Имав потешкотии, но сега излишно е да зборувам за тоа. Јас сум личност која внимава на сѐ, ги прифаќам пофалбите кога ме фалат, но истото го правам и со критиките“, вели голгетерот говорејќи за Sky.

Затоа, синоќа Чиро беше моторот на Лацио кој со 3:1 во Рим ја победи Борусија. Прво го отвори резултатот, а при крајот со одлична аситенција му кумуваше на третиот гол.

„Чувтсвото да се врати Лацио во Лигата на шампиони е навистина неверојатно. Едноставно има некој посебен шмек кога се излегува на терен. Навистина сме задоволни од тоа што натпреварот го одигравме перфектно“, смета Чиро.

Лацио ја доби битката, но не и војната. Ова беше прво коло и до крајот на групната фаза сѐ може да се случи. Во оваа група се уште и Зенит и Бриж.

„Групата е навистина изедначена, имаме уште пет битки до крајот, а ние мораме да продолжиме со истата желба и одлучност. Игравме против еден од најдобрите тимови во Европа, беше тежок натпревар. Ни беше потребно вакво нешто по лошото издание во саботата за да ментално да се издигнеме и да покажеме дека и сезонава ќе бидеме истите оние кои се желни за врвот“, завршува тој. Инаку, Лацио во саботата доживеа бламажа во Џенова губејќи со 3:0 од Сампдорија.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Фудбал

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе