Имотот Маунт Вернон, некогашен дом на првиот претседател на САД, Џорџ Вашингтон, е продаден за неверојатни 50 милиони долари.
Зафаќа повеќе од 16 хектари земја. Имотот беше купен во 2014 година од извршниот директор на авиокомпанијата Lockheed, Мартин Роберт Стивенс и неговата сопруга Мишел Стивенс, за 18,6 милиони долари.
Главната куќа има 7 спални соби и 13 бањи. Има и поглед на реката Потомак. Пансионот има три спални соби и три бањи.
Маунт Вернон беше само дел од имотот од 1.800 хектари што Џорџ Вашингтон го купил во 1760 година. Американското хортикултурно друштво сè уште поседува дел од оригиналниот имот, кој оттогаш стана музеј.
Последната продажба беше склучена на 29 октомври. Цената на објектите беше 48 милиони долари, а личниот имот и мебелот беа 2 милиона долари, според Mansion Global.
Имотот бил во сопственост на семејството до 1859 година и оттогаш само четири пати се менувале сопственици.