Империи вон контрола: Кој ги надгледува женевските фондации кои даваат милиони?

Богатите од целиот свет доаѓаат во Женева за да основаат непрофитни фондации, користејќи го флексибилното законодавство. Всушност, овие филантропи можат да злоупотребат бројни дупки во законот.

Со повеќе од 13.500 филантропски фондации со имот од 154 милијарди долари, Швајцарија е еден од најголемите центри за филантропија во светот. На 10.000 жители има 15 фондации, што е шестпати повеќе отколку во Германија или во САД.

Според Глобалниот индекс за филантропија за 2022 година, Швајцарија е втората најдобра земја во светот за филантропија, по Лихтенштајн. При позиционирање на земјите се земаат предвид леснотијата на регистрација и работење на филантропска организација, даночни поволности, перспективи за економски развој на земјата и регионот во кој се наоѓа итн.

Женева е водечки град во Швајцарија во однос на непрофитните фондации - има 26 фондации на 10.000 жители. Само минатата година во овој град се основани 58 нови фондации, што е најголем пораст во споредба со останатиот дел од државата. Причината за тоа е што од 2013 година, владата во Женева презеде голем број мерки за поттикнување на формирање фондации.

Загарантирана тајност

Привлечени од присуството на големи меѓународни невладини организации, богатите од целиот свет доаѓаат во Женева за да основаат фондација. Директорот на Центарот за филантропија при Универзитетот во Женева, Анри Петер, истакна дека богатите во Женева наоѓаат стабилна економска и политичка ситуација, што фаворизира формирање на непрофитни организации.

Филантропските фондации се поделени на два вида - оние што дистрибуираат грантови и оперативните фондации со проекти од јавен интерес, како што е изградбата на училишта. Двата вида фондации се тесно поврзани со невладините организации бидејќи зависат од нивната експертиза и ги поддржуваат нивните проекти. За возврат, многу невладини организации се потпираат на пари од овие фондации. На пример, фондацијата Oak, која припаѓа на првиот тип на фондации, додели 481,62 милиони долари на невладини организации ширум светот во 2022 година.

„Овој вид екосистем е причината зошто големите меѓународни фондации ја избираат Женева наместо Цирих или Берн. На пример, глобалната алијанса за вакцини GAVI, во која Бил Гејтс е клучен придонесувач, се наоѓа во Женева поради присуството на Светската здравствена организација (СЗО), а не во Базел каде што се централите на сите големи фармацевтски компании“, истакна Петер.

Тој смета дека Женева ја претставува вратата на Швајцарија кон светот. За разлика од Цирих, кој неодамна ги олесни правилата за филантропски инвестиции од странство, Женева отсекогаш ги фаворизираше ваквите проекти, кои вклучуваат даночни олеснувања.

Фондациите исто така имаат корист од строгата доверливост. Имено, како што вели Петер, Женева е град во кој не покажувате што поседувате или давате.

Сепак, принципот на света доверливост може да биде контроверзен. Неодамна, Фондацијата на СЗО со седиште во Женева беше во очите на јавноста затоа што одби да го открие идентитетот на 40% од нејзините донатори. Во слична ситуација беше и фондацијата на Интерпол кога од Обединетите Арапски Емирати доби 50 милиони евра. Петер истакна дека некои ја гледаат тајноста како начин да се избегнат надзорните активности и даночните обврски.

Даночни олеснувања

Даночните поволности се главната причина зошто во Швајцарија се основаат непрофитни фондации. За да ги добијат овие придобивки, фондациите мора да му служат на јавниот интерес, како што се подобрување на образованието, здравството, уметноста, човековите права, заштитата на животната средина, благосостојбата на животните итн. Даночните олеснувања во повеќето швајцарски кантони изнесуваат 20% од приходот.

Тоа значи, на пример, филантроп од странство со приход од 2 милиона долари, кој инвестира 20 милиони долари во фондацијата, со својата донација може да заштеди 158.000 долари данок. Дополнително, регистрираниот капитал и заработката на фондацијата се ослободени од данок.

Сепак, останува релативно нејасно што прават фондациите со овие пари. Нивните цели може да се состојат од различни активности, од кои некои се спонтани, нејасни или се менуваат со текот на времето. Има мал надзор при регистрирањето на статутите на фондацијата.

Недостаток на надзор

Законската флексибилност во некои случаи доведува до злоупотреби, што беше случај и со фондацијата Marinaca со седиште во Женева.

Фондацијата Marinaca стоеше зад голем број активности - од еколошки до набавка на спортска опрема. Но, пред четири години банката со која работеше оваа фондација откри дека фондацијата неколку месеци се занимавала со перење пари. Покрај тоа, фондацијата беше обвинета дека управувала со лажна платформа за тргување, измамувајќи најмалку три лица кои поднеле тужба.

Иако нема докази за широко распространета измама меѓу фондациите во Женева, недостатокот на соодветен надзор предизвикува сомнеж, пишува swissinfo.

реклама

Ристовски за босанскиот фудбал: Не нè зае*авајте

Read more

„Смртта на Југославија“ – документарецот што сите го гледаа, а посакуваа никогаш да не беше снимен

Read more

ВМРО-ДПМНЕ прави чистки во своите редови

Read more

Русите составија ранг-листа на непријателски влади

Read more

Бизнис

Лоши вести за Temu и Shein: ЕУ почнува со мерки против евтините кинески стоки

Read more

Лукойл панично распродава – кој (не) сака да ги купи рафинериите?

Read more

Американските компании заработиле милијарди долари за време на израелската инвазија на Газа

Read more

Голема промена на летовите на Ryanair, грешката ќе ве чини скапо

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова: Во предметот Физичко образование да вклучиме и планинарење

Читај повеќе
  • filter

Орбан почна „антивоена турнеја“, се подготвува за избори во 2026 година

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Убиство на градоначалник предизвика насилни немири во Мексико

Читај повеќе

Јужна Кореја гради флота од нуклеарни подморници со помош на САД

Читај повеќе

Денеска сончево, од утре голема промена на времето

Читај повеќе

Русите имаат нов план за Газа: Се разликува од американскиот во една важна точка

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ прави чистки во своите редови

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Трамп избегнува новинарски прашања за поврзаноста со педофилот Епстин?

Читај повеќе

Во БиХ сè уште не можат да се договорат кој ќе ги води преговорите со ЕУ

Читај повеќе