Компанијата Moderna соопшти дека имунитетот на коронавирусот создаден од нејзината вакцина треба да трае најмалку една година.
Moderna во декември соопшти дека ќе спроведе тестови за да ја потврди активноста на вакцината против кој било вид на коронавирус.
Компанијата очекува во 2021 година да испорача меѓу 600 и една милијарда дози од својата вакцина и предвидува дека на годишно ниво ќе заработи 11,7 милијарди долари од продажбата на вакцината, врз основа на договорот за набавка што го потпиша со владите, пишува Guardian.