Инаугурација на новоизбраниот американски претседател Џозеф Бајден

Новоизбраниот претседател на САД, Џозеф Бајден, денеска ќе положи заклетва во Вашингтон и официјално ќе стане 46-тиот претседател на таа држава.

Церемонијата на инаугурацијата наречена „Обединета Америка“ нема да биде како претходните инаугурации, бидејќи организаторите и локалните власти во Вашингтон ги повикаа Американците да не доаѓаат, туку да ја следат церемонијата преку интернет во своите домови.

Безбедноста во Вашингтон ќе биде зајакната додека Пентагон објави дека ќе испрати најмалку 20.000 војници на Националната гарда.

Во текот на утрото на 20 јануари, Бајден ќе присуствува на миса во катедралата Сент Метју во Вашингтон. Тој ги покани демократите Ненси Пелоси и Чак Шумер, како и републиканците Кевин Мекарти и Мич Меконел да бидат со него на мисата.

Избраниот претседател потоа ќе маршира со конвој до Капитол Хил каде што започнува церемонијата на инаугурација во 11 часот по локално време (17 часот по средноевропско време) на големиот подиум поставен спроти Националниот трговски центар.

Националната химна ќе ја пее поп-sвездата Лејди Гага на скалите на Капитол Хил, а пејачката Џенифер Лопес ќе одржи музички перформанс, според организацискиот одбор.

Бајден и потпретседателката Камала Харис ќе положат заклетва во 12:00 часот, потоа претседателот ќе го одржи својот инаугуративен говор во кој треба да ја потврди својата визија за желбата да се победи пандемијата, подобро да се реконструира, обедини и да се лекува нацијата, според организацискиот комитет.

Во раните попладневни часови, Бајден ќе замине на Националните гробишта во Арлингтон близу Вашингтон за да положи венец на гробот на Незнајниот херој заедно со поранешните американски претседатели Барак Обама, Џорџ В. Буш и Бил Клинтон и нивните сопруги. Тој ќе се врати со конвој во Вашингтон.

Конвојот треба да запре на неколку десетици метри од Белата куќа за да му се дозволи на Бајден да влезе пеш опкружен со воена придружба. Тој таму ќе ги потпише првите претседателски укази попладнето.

Вечерта по локално време Бајден и Камала Харис ќе и се обратат на нацијата за време на специјалното шоу на кое домаќин е актерот Том Хенкс. Специјалната емисија „Celebrating America“ ќе се емитува од 20:30 до 22:00 часот по локално време на каналите ABC, CBS, NBC, CNN и MSNBC, како и на YouTube.

Меѓу гостите на Хенкс ќе бидат Џон Бон Џови, Џастин Тимберлејк и Деми Ловато.

Претседателот во заминување Доналд Трамп најави дека нема да присуствува на инаугурацијата. Поранешниот претседател на САД, демократот Џими Картер (96), нема да биде присутен на свечената заклетва поради возраста.

Тагови
реклама

Принцот Филип опериран од срце во стотата година од животот

Read more

Кој е најмудриот хороскопски знак според астролозите?

Read more

Со измени на Законот за легализација на дивоградби се продолжува неговата важност за уште пет години

Read more

L'Equipe не штедеше навреди за Ѓоковиќ, дури и на лично ниво

Read more

Свет

Папата пристигна во историска посета на Ирак

Read more

Расте бројот на починати и заразени во Италија

Read more

Во светот годишно се фрла една милијарда тони храна

Read more

Нов, уште посилен земјотрес во Нов Зеланд од 7,4 степени по Рихтер

Read more
 

Вести

Кривична за беровци поради организирање прослава во затворен простор

Читај повеќе

Медицинска сестра обвинета за примање награда за противзаконито влијание

Читај повеќе
  • play_arrow

Папата пристигна во историска посета на Ирак

Читај повеќе

Заев: Во недела се очекуваат првите 3.000 руски вакцини

Читај повеќе

Судењето за „27 април“ продолжува на 12 март

Читај повеќе

Почина работник од дојранско додека извршувал работни задачи

Читај повеќе

Расте бројот на починати и заразени во Италија

Читај повеќе

Филипче: Набавуваме сензори за мерење дијабетес кај деца

Читај повеќе

МВР со детали за двојното убиство во Топанско Поле

Читај повеќе