Инцидент на американската војска: Паднатите авиони кај Јапонија се удриле еден во друг

Најмалку еден маринец загина, а петмина уште се водат за исчезнати во инцидентот во кој два американски авиони се удрија еден во друг и паднаа во морето во близина на јапонското крајбрежје.

Американската војска соопшти дека причината за падот на авионите е меѓусебен судар во лет. Еден од двајцата маринци кои беа најдени во близина на несреќата е мртов, а другиот е во добра состојба.

Инцидентот се случил откако авионите полетале од базата Ивакуни во близина на Фукушима, Јапонија, за да учествуваат во претходно закажаните вежби.

Авионот-цистерна и „ловецот“ на американската војска паднале во околу 2 часот утрото по локално време.

Авионите McDonnell Douglas F/A-18 Hornet и KC-130 биле дел од рутинска обука за полнење горво во воздух. Морнарицата уште води истрага да се дознае како дошло до сударот.

Американскиот претседател Доналд Трамп на Twitter напиша дека неговите мисли и молитви се со маринците кои учествувале во инцидентот.

Трамп исто така им се заблагодари на американските сили во Јапонија за брзото реагирање и нивните спасувачки напори.

Повеќе од 50.000 американски војници престојуваат во Јапонија на основа на билатералниот безбедносен пакт меѓу двете земји.

реклама

Пронајдено обесено момче на кејот на Вардар

Read more

Virgin Galactic и Rolls Royce претставија надзвучен авион

Read more

Сенатот го поддржа Трамп: Едногласно гласаше за забрана на TikTok

Read more

Трагедија во Србија: Поранешен кошаркар на Црвена Ѕвезда почина на тренинг

Read more

Свет

СЗО апелира за итна помош од 15 милиони долари за Либан

Read more

На Кипар сослушан сопственикот на бродот што го пренел амониум нитратот во Бејрут

Read more

Хаос во Бејрут: Уапсени 16 луѓе поврзани со експлозијата, протест против владата

Read more

Во Индија над 2 милиона заразени со COVID-19, во Мексико над 50.000 починати

Read more

Вести

Опожарени две возила во Скопје

Читај повеќе

Северна Македонија во третиот степен на препорака за патување на Стејт Департментот

Читај повеќе

Пронајдено обесено момче на кејот на Вардар

Читај повеќе

Нови 155 случаи од 1.845 тестирања, двајца починати и 127 оздравени

Читај повеќе

Половина од анкетирани родители, директори и наставници сметаат дека треба да се продолжи со наставата во училиште

Читај повеќе

СЗО апелира за итна помош од 15 милиони долари за Либан

Читај повеќе

До ОЈО Скопје поднесен соодветен акт за „бесправно градење“ кај „Мавровка“

Читај повеќе

Вучиќ: Со Приштина сакаме суштински разговори, во септември ќе барам исполнување на договорот за ЗСО

Читај повеќе

Во Геријатриската болница уште 10 нови позитивни на COVID-19, сите асимптоматски

Читај повеќе