Инцидент на гласачко место во Скопје, нудење пари за гласање во Радовиш и Битола

Скопје, 15 јули 2020 (МИА) – По отворањето на гласачките места, досега е регистрирано едно нарушување на јавниот ред и мир во Скопје на избирачкото место во ОУ „Петар Поп Арсов“.

Во инцидентот, лицето В.Ш. (47) го нарушил јавниот ред и мир со тоа што започнал расправија со претставници од избирачкиот одбор, а во еден момент ја потегнал за чантата претставничката во ИО, а потоа со мобилен телефон ја фотографирал просторијата, информираше денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

Лицето е лишено од слобода, известен е јавен обвинител за добивање понатамошни насоки.

Ангеловски истакна дека гласањето на другите избирачки места се одвива мирно, со почитување на протоколите за гласање, а од неправилности што се пријавени во МВР, има неколку случаи на агитирање, носење гласачи на гласање, испишани графити на избирачки места, како и неколку пријави за наводно нудење пари за глас.

– Ова се добиени пријави по кои постапува МВР и откако ќе се утврдат фактите, соодветно ќе ја информираме јавноста, нагласи портпаролот на МВР.

Ангеловски информира дека во 7:30 минути во ПС Бит пазар било пријавено дека пред избирачки места во ОУ „Цветан Димов“ и „Даме Груев“ биле испишани графити со содржина поврзана со изборите, а графити биле испишани на ОУ на улиците „Коста Абрашевиќ“, „Браќа Реџепагиќ“ и „Петре Георгиев“ на подрачјето на ПС во Чаир.

Во СВР Велес, посочи портпаролот на МВР било пријавено дека во близина на избирачко место во кавадаречкото село Сирково биле испишани графити поврзани со изборите.

– Во ПС Крива Паланка пријавени се два случаја на организиран превоз на гласачи до гласачките места, како и четири пријави за агитирање кон гласачи и тоа на ул. „8 Октомври“, ул. „Јоаким Осоговски„, и селата Узен и Нерор, рече на прес-конференцијата Ангеловски.

Агитирање е пријавено и во СВР Струмица во село Пиперово и Нов Дојран, додека во село Самоилово едно лице упатувало закани кон друго за да гласа за одредена политичка партија.

Во Полициското одделение Ново Село, подвлече портпаролот на МВР, граѓанин пријавил дека едно лице одзело лична карта на друго лице и гласало во негово име.

Во ПС во Радовиш, информира тој, Ф.В. од Радовиш пријавил дека П.И, исто од Радовиш му нудел пари за глас, додека во СВР Битола Е.Е. пријавила дека непознати лица ѝ нуделе пари за глас.

– Во СВР Битола било пријавено и дека полициски службеник кој обезбедувал избирачко место во училиштето во село Дебрешта им кажувал на граѓаните кој број да го заокружат на гласачкото ливче. Веднаш е известен одделот за внатрешна контрола и се постапува за да се расчисти овој случај, рече Ангеловски.

Во СВР Тетово било пријавено дека во ОУ „Коста Рацин“ во село Брвеница имало неколку непознати лица кои ги запишувале граѓаните.

За сите овие настани, нагласи портпаролот на МВР, се преземаат соодветни мерки за расчистување и отакако ќе бидат расчистени соодветно јавноста ќе биде информирана.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Хроника

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Read more

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Read more

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Read more

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Read more
 

Вести

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Читај повеќе
  • play_arrow

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Читај повеќе