Музика

Инцидент на концерт на поп-ѕвездата Бритни Спирс (Видео)

10. август 2017 - 19:30 | А.С.

„Дали има пиштол?“, тоа е единственото што сакала да знае поп-пејачката Бритни Спирс откако непознат маж се качи на сцената зад неа за време на настап во Лас Вегас.

На видеоснимката од обожавател во публиката може да се види дека откако Бритни ја завршува изведбата на песната „Crazy“, зад неа на бината се каќува непознат маж кого обезбедувањето молскавично го совладува, а танчарите застануваат пред поп-ѕвездата која е напред на сцената.

 

Fan rushes stage tonight #britneyspears @britneyspears

A post shared by Britney Spears: Piece Of Me (@pombritneyperformances) on

Засега не е познат идентитетот на мажот, ниту причината зошто се качил на сцената, дали како одушевен обожавател или со некакви задни намери.

На снимката се слуша како Бритни постојано го прашува обезбедувањето „Дали има пиштол?“, додека го совладуваат мажот, а присутните на концертот велат дека го повторувала тоа прашање цело време додека телохранителите ја носеле зад сцената.

Коментирај