Музика

Инцидент на повидок: Ед Ширан обвинет за плагирање на песна од Марвин Геј

30. јуни 2018 - 11:44 | М.Д.

Славниот британски пејач, Ед Ширан, обвинет е за плагирање на делови од песната „Let’s get it on“, која ја потпишува американскиот пејач Марвин Геј.

Се претпоставува дека пејачот украл делови од класикот од 1973 година, за  да го направи својот најголем хит „Thinking out loud“, кој со денови беше прв на светските музички топ листи, пренесува „BBC“.

Според правните документи, во песната на Ед Ширан копирани се „мелодијата, ритамот, хармонијата, тапаните, бас линијата и темпото“.

Како што е познато, тој е тужен од страна на компанијата Structured Asset Sales, која поседува дел од авторските права на песните на легендарниот американски музичар Марвин Геј.

Сепак Ед, кој и од порано се соочуваше со правна постапка во врска со истата песна и понатаму останува при својот став, негирајќи дека песната е плагијат.

Американските медиуми тврдат дека на Ширан му се заканува казна од 100 милиони долари, во случај да се докаже дека е виновен за плагирање.

Коментирај