Инцидент на повидок: Филмот „The shape of water“ е плагијат?

Авторите на филмот „The shape of water“, кој е конкурент за овогодинешниот Оскар за најдобар филм, се соочуваат со сериозни обвиненија за плагирање. Во обвинението стои дека фантастичниот заплет и романтичната врска меѓу чистачката и таинственото суштество, се всушност земени од американската претстава „Let me hear your whisper“.

Тужбата, поднесена во сојузниот суд во Лос Анџелес, гласи дека режисерот Гилермо дел Торо, продуцентот Даниел Краус и филмското студио „Fox Serchlight“, дрско ја препишале приказната, елементите, ликовите и темата од претставата на покојниот Паул Зиндел од 1969 година“.

„Shape of water“ е номиниран во најмногу, дури 13 категории за Оскар, вклучувајќи ги и номинациите за најдобар филм и најдобар режисер.

Обвинението, кое го поднел синот на Зиндел, набројува повеќе од 60 сличности меѓу претставата „Let me hear your whisper“ и филмот „The shape of water“.

Меѓу нив е и фабула на претставата и филмот за осамената чистачка која работи во научна лабораторија во текот на Ладната војна, која влегува во љубовна врска со заробено водено суштество и подготвува план како да го ослободи.

Во приказната на Зиндел суштеството е делфин. Во филмот тоа е половина човек, половина речно суштество.

Во обвинението се вели дека „и покрај лесно воочливите сличности меѓу претставата и очигледно од неа направениот филм, обвинетите не се ниту обидоа да побараат или да добијат вообичаена дозвола“ за правата на претставата на Зиндел, ниту пак го навеле него како автор.

Студиото  „Fox Serchlight“ ги негираше овие обвиненија, карактеризирајќи ги како „потполно безвредни и неточни“.

„The shape of water“ веќе доби Златен глобус за најдобар филм и бројни награди за глума и бројни други награди од филмски критичари во САД и други земји.

реклама

Филм & ТВ

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Read more

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Read more

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Читај повеќе