Регион

Инцидент во Србија: Лидерот на Двери со компјутерско глувче гаѓаше пратеник

21. ноември 2017 - 19:14 | Макфакс/Кајгана

Лидерот на српската партија Двери, Бошко Обрадовиќ, со компјутерско глувче го гаѓал пратеникот и претседател на Одборот за административни прашања, Александар Мартиновиќ.

Инцидентот се случил кога Мартиновиќ му го одзел зборот на Обрадовиќ. Најпрво настанала вербална расправија, по што Обрадовиќ со компјутерско глувче го нападнал Мартиновиќ.

„Не можеш да го правиш тоа Мартиновиќ, што ти значи тоа? Не виде дека тројца пратеници се јавија за збор? Што глумиш? Мислиш дека сите сме будали тука?“, му се обратил Обрадовиќ на другиот пратеник.

Инцидентот се  случил на седница на Одборот на која се расправало за парични казни за пратениците за изречени опомени.

Претходно Мартиновиќ го имал опоменато Обрадовиќ, кој имал изречена мерка за оддалечување од седниците на Собранието во времетраење од 20 дена.

Обрадовиќ ја добил опомената откако дошол на седница на одборот со плакат на кој пишувало „Маја, го украде Нови Сад“, а претходно остро го критикувал однесувањето на владејачката коалиција и имал една опомена бидејќи покажал плакат „Вучиќ, брат, кумови, пљачкаши“ на седница на Парламентот.

Коментирај