ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ НА TRANSPARENCY INTERNATIONAL

Индекс на корупција: Македонија падна на 106-то место

Transparency International го објави годишниот извештај за Индексот за перцепција на корупцијата. Генералниот заклучок е дека напорите во борбата против корупцијата се во стагнација во земјите од Г7.

Според најновиот извештај на Transparency International за 2019 година, Република Северна Македонија забележа пад од 13 места во однос на претходната година и се најде на 106-тото место.

Северна Македонија има рејтинг од 35 на скалата од 0 до 100 поени (при што 0 значи најголем степен на корупција, а 100 поени - најмалку корупција). Тоа е за два поена помалку во споредба со минатата година  - во 2018 година имаше 37 поени; во 2017 година - 35 поени; во 2016 - 37 поени.

Нашата земја го дели 106-тото место на Индексот со Албанија, Бразил, Монголија, Брегот на Слоновата Коска, Алжир и Египет.

Кои се најдобри и најлоши земји?

Според Индексот за перцепција на корупцијата во кој беа опфатени 180 земји, најтранспарентни во 2019 година биле Данска и Нов Зеланд со по 87 поени, Финска со 86 и Сингапур, Шведска и Швајцарија со по 85 поени.

Најкорумпирани држави се Сирија со 13, Јужен Судан со 12 и Сомалија со 9 поени.

За земјите од Г7, резултатите се полоши од 2018: Канада падна за 4 поени, Франција за 3, исто како Велика Британија, додека САД паднаа за 2 поени. Германија и Јапонија не напредуваа, а Италија се подобри за 1 поен.

Целосниот извештај и рангирање може да ги прочитате ТУКА.

Дали „Рекет“ и менувањето на името влијаеле врз рејтингот на Македонија?

Овој надолен тренд, рече на денешната прес-конференција Слаѓана Тасева, претседателка на Transparency International Macedonia, го гледаме уште до 2012 година и порано, во борбата против корупцијата и убедливо сме на најниската позиција од сите држави и во регионот.

„Минатата година коментиравме дека резултатот бележи подобрување под влијание на перцепцијата за работењето на СЈО или под влијание вербата и довербата што граѓаните ја имаа во работењето на таа институција. Денес резултатите покажуваат дека довербата во институциите во јавниот сектор, во политиката значително се намалува повторно“, истакна Тасева.

На новинарско прашање дали случајот „Рекет“ имал некакво влијание врз индексот, Тасева одговори дека целата ситуација околу намалување на ефектите од работењето на СЈО и губењето на доверба сигурно има влијание, затоа што дел од тие резултати или анализи се правени во текот на 2019 година.

Мерките кои се преземаат односно кои се презентираат дека се преземаат за борба против корупцијата, оцени таа, не се реални,  не се вистински, не се објективни и не даваат ниаков резултат.

Во однос на улогата на Државната комисија за спречување на корупцијата, Тасева смета дека таа сама посебе не може да даде ефект бидејќи не ѝ се дадоа доволно ресурси за да може да работи. Од нивните одлуки, посочи, нема никакв реакција понатаму, никој не ги спроведува.

Додаде дека се работи за резултати од истражување на два економски резултати, поголем број резултати што ја мерат слободата на изразување, транспарентноста, демократијата и индексот на владеење на правото. Укажа дека постои намалување во сите резултати, особено, подвлече  Тасева, во економските индикатори.

На новинарско прашање дали промената на името на нашата држава има влијание, Тасева децидна дека укажувањата оти не е доволно само да се смени името за да очекуваме датум за преговори се оправдани, затоа што, рече, се друго заостанува, реформите кои треба да се направат заостануваат.

„Фрустрацијата со Владите и корупцијата во политиката, како и недостатокот на доверба во институциите, зборува за потребата од поголем политички интегритет. Оваа порака уште повеќе добива во сила кога се наоѓаме пред избори и посебно треба да ја упатиме и граѓаните да разберат дека од политичарите и од политиката треба да побараме повисок интегритет, повисока одговорност и отчетност доколку сакаме проблемот со корупцијата во нашата држава да се намалува, е основната порака од Транспаренси интернешенл“, рече Тасева.

Главната препорака од TI е дека треба да се менаџираат и контролира судирот на интереси, да се контролира финансирањето на политиката, да се зајакне интегритетот во политиката и на изборите и да се сузбива повластениот третман во сите сфери.

„Да се зајакне и потребата од проверка и контрола, да нема недопирливи, како што има денес недопирливи за било каква реакција од било кого или пак за реакција од судските власти или за снакционирање. Ова се препораки што денеска се релевантни и валидни на светско ниво“, потенцира Тасева.

Во однос на нивото на корупцијата во регионот најдобро рангирана на ИПК е Словенија на 35 – то место, а најлошо нашата држава на 106-то место, додека Хрватска е на 63. место, Црна Гора на 66., Бугарија на 74. место, Србија на 91., Косово и Босна и Херцеговина се на 101. место.

На ИПК на скала од 0 до 100, највисоко рангирани и годинава се Нов Зеланд со 87 индексни поени, Данска 87, Финска 86, Швајцарија и Сингапур 95 и Шведска со 85, најниско рангирани исто како и лани е Сомалија на 180 позиција со 9 индексни поени, а пред неа се Јужен Судан, Сирија и Јемен.

„Фрустрацијата со владите и корупцијата во политиката, како и недостатокот на доверба во институциите, зборува за потребата од поголем политички интегритет. Оваа порака уште повеќе добива во сила кога се наоѓаме пред избори и посебно треба да ја упатиме и граѓаните да разберат дека од политичарите и од политиката треба да побараме повисок интегритет, повисока одговорност и отчетност доколку сакаме проблемот со корупцијата во нашата држава да се намалува, е основната порака од Транспаренси интернешенл“, рече Тасева.

Во просек на светско ниво годинешниот ИПК бележи пад во сите држави многу мал број околу 22 држави бележат пораст што е статистички значаен или бележат подобрување  на перцепцијата за корупцијата.

Повеќе од две третини од државите заедно со повеќето напредни светски економии стагнираат или покажуваат знаци на уназадување во нивните антикорупциски напори.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе