Independent: Албанија е Колумбија на Европа

Албанија се претвори во „Колумбија на Европа”, констатира угледниот британски весник Independent во истражувачката сторија за одгледувањето и трговијата со дрога од Албанија кон други делови на Европа.

Новинарот Борзоу Дарагахи во написот прави приказ не само за одгледувањето и трговијата со канабис, туку и трговијата со тешки дроги.

-Сѐ почна кога владата одлучи да се бори против плантажите со канабис во Лазарат. Ова предизвика нарко дилерите да го прошират „полето на делување“, шверцувајќи не само канабис, туку и кокаин и хероин. Групите албански шверцери се први во светот во трговијата со кокаин, хероин и канабис. Само од трговијата со канабис за една година се заработува четири милијарди евра, што е половина од БДП на Албанија, наведува новинарот.

Според Independent, во време кога албанските официјални лица известуваат дека запленуваат 10 отсто од количеството на дрога што се шверцува, западен дипломат укажува дека тој процент е помал и оценува дека Албанија сега се претворила во нарко-држава.

Весникот наведува дека според информациите од нарко каналите, „најжестоки“ години за шверц биле 2015-2016 година. Во статијата цитиран е и западен дипломат, чие име не е објавено, но она што тој го кажува е многу силно.

-Албанија е Колумбија на Европа. Таа е производител и дистрибутер на дрога во Европа. Таа е нарко-држава. Тие ќе изгубат многу пари ако се откажат од шверцот за да влезат во ЕУ, изјавил западниот дипломат за весникот.

Според него се запленуваат само пет отсто од дрогата која се шверцува.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе