Свет

Индија собори сателит во вселената со помош на нова ракетна технологија

27. март 2019 - 11:36 | К.З.

Користејќи нова, револуционерна ракетна технологија, Индија успеа да собори сателит кој левитираше во ниската орбита на Земјата. Индискиот премиер Нарендра Моди изјави дека акцијата беше дел од тестирањето на новата ракетна технологија.

Операцијата за тестирање на новата технологија беше наречена Shakti и со неа Индија влезе во делот од „супер лигата“ на нации кои успеале да направат ваков подвиг.

Веста доаѓа само неколку недели откако Индија учествуваше во воздушни немири и битки со Пакистан поради спорот во врска со границата кај Кашмир.

„Оваа технологија не е насочена против било која земја. Се работи само за тест“, заклучи премиерот Моди.

Во моментов Индија се наоѓа среде сезона на избори, а избирачките места се отвораат за неколку недели. Индиските закони забрануваат било какви дејствија кои би значеле „собирање на гласови“, па затоа тајмингот на тестовите е во најмала рака дискутабилен.

Коментирај