Индиецот Шанкар Курхаде го привлече вниманието на локалните и светските медиуми бидејќи ги почитува мерките за заштита од коронавирус, но на поинаков начин.
Овој бизнисмен се штити од коронавирусот со заштитна маска која чини 4.000 долари.
„Посакав да купам златна маска кога видов дека еден човек носи сребрена. Бидејќи јас обожавам златен накит, зошто да не носам и златна заштитна маска? Го замолив мојот златар да ми направи златна заштитна маска. Маската тежи 2,5 килограми, а за неа платив 3.869 долари“, вели бизнисменот, пишува Sputnik.