Индиски студенти групно силувале девојка и чинот го снимале и објавиле на социјалните мрежи

Петмина студенти се уапсени заради наводно киднапирање и силување на 19-годишна девојка, откако видеоснимката на злоставувањето на младата жена ја постирале, пишува весникот Independent.

Инцидентот се случил пред неколку месеци во индискиот округ Дакшин Канада, но за него се дознало дури во последните неколку недели, откако снимката на силување се појавила на социјалните мрежи.

Младата девојка на полицијата ѝ раскажала како петмината млади мажи ја грабнале, како со автомобил ја однеле во пошумено и затскриено место и како редоследно ја силувале. Не била свесна дека притоа и ја снимале.

„Жртвата во својата тужба навела дека обвинетите ја однеле на напуштено место и дека таму групно ја силувале. Објаснила дека тие меѓусебно се познавале и дека доаѓале од ист факултет“, изјави полицаецот Лакшми Прасад, кој додал дека за инцидентот се дознало кога видео снимката од чинот на силување се појавила на  WhatsApp.

„Ни кажа и дека подоцна силувачите ѝ се заканувале со објавување на видеоснимката од чинот на силување, па од тие причини таа поднела тужба дури откако снимката станала вирална“, објасни полицаецот Прасад.

Петмината мажи биле  студенти на престижниот факултет во градот Путур.

Силувањата се меѓу најчестите злосторства во Индија, а проценките се дека 90 до 95 отсто од случаите на силување остануваат непријавени.

Стапката на осудени за кривичните дела сторени врз жени во Индија е исклучително ниска, или само 18,9 отсто, додека просечната стапка на осудени за сите видови злосторства изнесува околу 47 отсто.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Свет

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Read more

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Read more

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more
 

Вести

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе