Индонезија официјално го забрани iPhone 16, во немилост е и новиот Apple Watch

„Ако некој има iPhone 16 во Индонезија - тој уред е нелегален. Пријавете нешто такво“, изјави министерот за индустрија на оваа азиска земја.

Индонезиската влада ја забрани продажбата и употребата на два од уредите на Apple, паметните телефони од серијата iPhone 16 и паметните часовници Apple Watch 10 во таа земја.

Необичната забрана следи по неисполнетите инвестициски обврски на Apple во Индонезија, бидејќи технолошкиот гигант од Купертино претходно вети дека ќе инвестира повеќе од 1,71 трилиони индонезиски рупии (околу 109 милиони долари) во изградба на капацитети за истражување и развој.

„Ако има и еден iPhone 16 што може да работи во Индонезија, тоа значи дека можам да кажам дека уредот е нелегален. Ве молиме пријавете ни ако видите нешто такво“, рече министерот за индустрија на Индонезија, Агус Гумиванг Картасасмита.

Apple, според најновите податоци, досега инвестираше 1,48 трилиони рупии (95 милиони долари), што го принуди индонезиското Министерство за индустрија да го блокира издавањето на сертификати IMEI (Меѓународен идентитет на мобилна опрема) за телефоните iPhone 16 и часовниците Apple Watch Series 10.

На туристите и членовите на екипажите на авиокомпаниите ќе им биде дозволено да ги носат и користат спорните уреди во Индонезија, но нема да можат да ги продаваат во таа земја бидејќи тоа би ја прекршило забраната, ја објасни владината одлука индонезиската новинска агенција Antara.

Индонезиските закони бараат странските компании кои работат во таа земја мора да обезбедат 40% „локална содржина за работа“ за да добијат сертификат за ниво на домашна компонента (TKDN). Постојат три опции за исполнување на ова барање: производство на локални уреди, локален развој на софтвер или основање локални центри за истражување и развој.

реклама

Лето 2025: Топ 5 најевтини места за одмор за македонските туристи

Read more

Што е најевтино за возење: Електричен автомобил, бензинец или дизелаш?

Read more

Ретрограден Плутон ќе им го смени животот на четири хороскопски знаци

Read more

Која е најдобрата заштита за автомобил од град?

Read more

Мобилни

Што ја „цица“ батеријата на вашиот телефон?

Read more

Новиот Samsung Galaxy S25 Edge е тенок само 5,8 мм

Read more

Apple за 20-годишнината планира футуристички iPhone направен од стакло

Read more

Два фактора ќе го разликуваат преклопливиот iPhone од конкурентите

Read more
 

Гик

Nintendo без милост кон пиратеријата

Читај повеќе

Што ја „цица“ батеријата на вашиот телефон?

Читај повеќе
  • play_arrow

Авантуристичката игрица Marvel 1943: Rise of Hydra одложена за 2026 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Кои биле Морските луѓе? Одеднаш се појавиле на бродови и уништиле цивилизации

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

DJI го претставува дронот Mavic 4 Pro со подобри камери и поголем дострел

Читај повеќе

Првиот OLED гејминг монитор со 500 Hz во светот

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Новиот Samsung Galaxy S25 Edge е тенок само 5,8 мм

Читај повеќе

Универзумот ќе исчезне порано отколку што се мислеше

Читај повеќе

Неочекуван проблем: Ветроелектраните си крадат ветер една на друга

Читај повеќе