Индонезиската невеста Интан Азахра предизвика воодушевување на социјалните мрежи поради нејзинава венчаница во стилот на Пепелашка.
Венчаницата, дизајнирана од индонезискиот дизајнер Иван Гунавај блеска со интересен дизајн, а целокупниот изглед на принцеза го дополнуваат дијамантската круна и обетките.
Со целата таа раскошност, фустанот сигурно тежи еден тон, но тоа нема да го забележите од лицето на невестата. И нејзиниот младоженец исто така беше соодветно облечен, како принц.
На приемот брачниот пар ја промени облеката, невестата се пресоблече во драматичен црвен фустан со пердуви, а тој во црвен костум со црвен пердув на капата.