КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Инфантино ги моли големите лиги да ги пуштат фудбалерите

Премиер лигата и Ла Лига го искажаа својот став да не ги пуштат играчите повикани во репрезентациите, а сега за такво нешто размислува и Серија А.

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, упати апел до лидерите на англиската и шпанската лига да ја преиспитаат својата одлука и да ги пуштат играчите да играат на мундиајлските квалификации.

Двете лиги потврдија дека нема да ги пуштат оние фудбалери кои требат да одат во земји кои се ставени на ризичната листа и од каде по враќањето треба да одат во задолжителен карантин.

Најпогодени од ваквата одлука се Аргентина и Бразил, како и африканските репрезентации. Египет веќе и јавно почна преписка со Ливерпул кој одби да го пушти нивниот капитен Мохамед Салах.

„Многу од најдобрите играчи на светот играат во лигите на Англија и Шпанија и верувам дека овие земји имаат и обврска да го зачуваат спортскиот интегритет и натпреварување низ светот“, вели Инфантино алудирајќи на фактот дека многу репрезентации ќе остварат послаби резултати поради тоа што нема да можат да играат со своите најдобри играчи.

Рестрикциите прават Салах да не може да игра за Египет

А, влогот е голем бидејчи во прашање е пласман на Мундијалот кој во 2022 година ќе се одржи во Катар. Сон на секоја нација е да ја видо својата репреземтација на еден Мундијал, а воедно и сон на секој фудбалер е да игра на Светското првентсво на ФИФА.

„Во врска со карантинот во Англија за играчи повратници од земји од црвената листа, му напишав писно на премиерот Борис Џонсон и го замолив за поддршка, односно, на играчите да не им биде скратена можноста да ги претствуваат своите земји во квалификациите за Мундијалот“, продолжува претседателот.

„Дадов предлог да се употреби сличен пристап од стана на владата на Обединетото Кралство како што беше за завршницата од ЕУРО 2020. Заедно покажавме солидарност и обединетост во борбата против COVID-19. Сега, ги молам сите да им овозможат на репрезентативците да играат на мундијалските квалификации“.

И ЦАФ, Африканската фудбалска конфедерација, се придружи во апелот на Инфантино бидејќи нејзините членки се страшно погодени од оваа дискриминирачка одлука на Англија и Шпанија.

До денес, повеќе од 50 држави се наоѓаат на црвената ковид-листа на Обединетото Кралство. Тоа значи дека Британците можат да патуваат во овие земји, но по враќањето мора да седат во десетдневен карантин, дури и да се вакцинирани.

На пример, сите јужноамерикански земји, освен Боливија, се наоѓаат на оваа листа. Тоа значи дека во квалификациите само Боливија ќе може да игра во најдобриот состав, додека сите останати ќе мора да играат со крпени репрезентации.

Македонски фудбалери во Англија нема откако летово Езџан Алиоски замина во Саудиска Арабија. Но, има тројца репрезентативци во Шпанија кои доколку не се смени оваа одлука нема да можат да се јават на повикот на Благоја Милевски бидејќи поради зголемувањето на бројот на заразени Македонија сега е на таа црвена листа. Тоа се голманот Столе Димитриевски од Рајо Ваљекано, креативецот Енис Барди од Леванте и напаѓачот Александар Трајковски од Мајорка.

Македонската единица неизвесна; Фото: ФФМ
реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе