Инфлуенсерка открива: Ни нудат илјадници долари во замена за секс

Не е необично инфлуенсерите на Instagram да добиваат приватни пораки со најразлични понуди, но она што ја изненадило ријалити ѕвездата Роузи Вилијамс биле понудите за сексуални услуги.

Роузи, која учествуваше во британското реално шоу Love Island и потоа стана Instagram инфлуенсерка, рече дека ѝ пишал маж од Дубаи со намера да изврши „важна трансакција“.

Ѝ понудил повеќе од 110.000 евра, како и скапа облека и чанти, во замена за нејзиното „друштво“.

Роузи е убедена дека не е единствената која добила ваков „непристоен предлог“.

„Или толку добро ни оди на сите што не мораме да прифаќаме вакви понуди, па не ги ни спомнуваме; или некои од нас веќе го направиле тоа, па сега се срамат да прозборат“, вели Роузи.

Нејзината колешка Тајн-Лекси Кларсон открива дека и нејзе ѝ бил понуден паричен надомест за сексуални услуги. Вакви понуди добивала уште кога била само ријалити ѕвезда, на 19 години.

Таа открива дека првично ѝ биле понудени 25.000 евра за една вечера, но потоа ја контактирала агенција која ѝ понудила 60.000 долари за пет ноќи во Дубаи, со договор што ја обврзува да не открива детали за нејзиниот престој.

Тајни-Лекс ја обила понудата, но вели дека е загрижена за младите инфлуенсерки кои би прифатиле сѐ за „живот на висока нога“.

Таа нагласува дека понудите не доаѓаат секогаш лично од оној кој ги бара. Понекогаш имаат „застапници“, најчесто маскирани како агенции, кои преговараат за секс за пари со нив.

„Ова според мене е елитна проституција. Морничава ми е самата помисла дека ми се обратиле. Сигурна сум дека многу убави девојки на Instagram добиле слични, па и полоши пораки и понуди“, вели Кларсон.

Друга инфлуенсерка, која сакаше да остане анонимна, вели дека Instagram станал како каталог за мажите со многу пари кои може да си бираат што сакаат.

Ни мажите не се поштедени

Агентот Роб Купер кој застапува познати личности, вели дека и мажите инфлуенсери на Instagram добиваат вакви понуди.

Тој предлага социјалните мрежи да преземат нешто во врска со полесно идентификување на сопствениците на профилите, за да може правно да ги гонат луѓето кои нудат пари за секс.

Претставник на компанијата Facebook, која го поседува Instagram, излезе со следното соопштение:

„Купувањето сексуални услуги не се толерира на Instagram, а на оние кои ќе ги прекршат нашите правила на користење ќе им биде забранет пристапот. Сакаме Instagram да биде безбеден простор каде луѓето ќе може да се изразуваат. Вложуваме многу средства и технологии со кои ќе го оневозможиме вознемирувањето на нашите платформи.“

реклама

Живот

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе