Дизајнерот Кристијан Кауан ги претстави чизмите Teletubbies кои чинат дури 2.500 долари.

На неговата веб-страница е наведено дека се работи за ексклузивна колекција, која е ода на модата од 90-тите. Чизмите моментално може да се нарачаат само во зелена боја и се „инспирирани“ од Dipsy. Моментално се во претпродажба.
Со оглед на тоа дека многу инфлуенсери и модни фанатици сакаат да купуваат нешто необично, сигурно е дека овие чизми ќе се распродадат за кратко време.
Достапни се и Teletubbies панталони, маица, дуксери и јакна. Во 2016 година, по дипломирањето на Лондонскиот колеџ за мода, Кристијан основал модна куќа.
Соработувал со бројни познати личности, меѓу кои: Лејди Гага, Бијонсе, Наоми Кембел... Раперката Карди Би носеше негова креација во 2018 година на насловната страница на албумот „Invasion of Privacy“.