Иницијативата за нов референдум за името мина во Комисијата за политички систем

Скопје, 14 јануари 2019 (МИА) – Граѓанската иницијатива за собирање на потписи од најмалку 150 илјади избирачи за распишување дополнителен референдум за одлучување на граѓаните на целата територија на Република Македонија доставена преку овластениот предлагач Тодор Петров, денеска на седницата на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците со осум гласови „за“, ниту еден „против“ и еден „воздржан“ беше оценета како уредна и проследена низ натамошните собраниски процедури.

За иницијативата, чиј потписник е лидерот на Светскиот македонски конгрес, треба да се изјасни и Законодавно-правната комисија, но нејзината седница денеска беше одложена и се очекува да се одржи во текот на денов.

„Дали сте за промена на името на државата Македонија во држава Северна Македонија?“ е прашањето кое што, како што појасни Петров на седницата, би било поставено на референдумот што би се одржал доколу се соберат потребните 150 илјади потписи.

Иницијативата, како што појасни тој, е поднесена на барање на 179 граѓани, а согласно законските решенија потребно е најмалку 100 граѓани да поднесат барање за иницијатива за собирање потписи за распишување референдум на државно ниво.

„На ова прашање избирачите треба да одговорат дали се „за“ или „против“ или да не гласаат. Прашањето е прецизно формулирано. Со иницијативата за дополнителен референдум за одлучување на граѓаните на целата територија на Македонија граѓаните ќе ја проверат претходно донесената одлука за промена на името на државата Македонија во држава Северна Македонија на седницата одржана на 11 јануари оваа година со амандманите на Уставот и Уставниот закон за нивно спроведување“, рече Петров.

Граѓанската иницијатива треба да добие мислење за уредност и во Законодавно-правната комисија, а потоа таа би била доставена до претседателот на Собранието Талат Џафери, кој преку премиерот би ја доставил до ДИК.

Откако ДИК ќе ги извести поднесувачите на иницијативата дека околу 33 подрачни одделенија се подготвени, тие во рок од 20 дена се должни да ги достават формуларите за собирање на потписите до сите подрачни одделенија и потписите да ги соберат во рок од три месеци.

Петров вели дека е позитивно што наскоро се одржуваат и претседателски избори затоа што подрачните одделенија на ДИК работат од 8:30 до 16:30, а при распишување на избори работат во три смени и саботите и неделите. Според неговите прогнози, доколку се помине според процедурите потписите би требало да се соберат од 15 февруари до 15 мај.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Македонија

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Read more

Одрони на неколку патни правци

Read more

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Read more

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Read more
 

Вести

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Читај повеќе

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Читај повеќе