Иниеста: Можеби нема да се пензионирам во Барселона

Фудбалерот на Барселона Андрес Иниеста не е сигурен дека кариерата ќе ја заврши во матичниот клуб. Инисета изјавил дека е подготвен и на опцијата во 2018 година да ја напушти Каталонија.

Договорот на Андрес Инисеста со Барселона истекува во јуни, 2018 година, кога тој ќе има 34 години, а изјавата дека не е сигурен дали ќе остане доаѓа како одоговор на само 13-те одиграни натпревари во стартната постава оваа сезона на Ла Лига.

„Мојот план беше да го одработам договорот до крај, но ќе видиме дали тоа ќе се случи. Постојат разни опции, но не велем дека нема и да потпишам нов договор. Со оглед на тоа каква беше оваа сезона, како се сменија работите, така научив многу работи. Кога ќе дојде времето за разделба јас сигурно нема да му пречам на клубот“, рекол Иниеста.

Одлуката на Иниеста дали ќе остане, веројатно ќе зависи и од тоа каква улога ќе има кај новиот тренер Ернесто Валверде, кој е главниот кандидат да го наследи Луис Енрике.

Андрес Иниеста целата своја кариера, од 1996 година, ја минува на „Ноу Камп“, а со Барселона има освоено 28 трофеи. Со Шпанија има две европски и една светска титула. 

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Read more
 

Спорт

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе