Иновативните производи на Виталиа претставени на најголемиот саем за кондиторски производи – ISM, Келн

Македонската компанија Виталиа по 6-ти пат успешно се претстави на најголемиот саем за кондиторија – ISM, Келн. Виталиа го прошири своето портфолио со новите производи Keto truffles и Protein Cookie, преку кои допре до глобална публика и ги искористи четирите саемски дена за отворање на нови перспективи и наоѓање на нови потенцијални пазари.

Саемот ISM во Келн претставува собир на сите меѓународни релевантни учесници на пазарот од кондиторската индустрија и со тоа ја докажува својата најголема функција како најважниот деловен центар, стимулатор на извозот и платформа за иновација. Во текот на четири саемски дена (02-05.02), учесниците разменуваа искуства, мислења и знаења со цел да го подобрат производството, да најдат нова инспирација, да ја прошират својата мрежа и да ги претстават своите иновации пред 37.000 трговски посетители од 148 земји кои присуствуваа на саемот.

Виталиа се претстави со два нови производи – Keto truffles и Protein Cookie, кои веднаш станаа тема на дискусија кај присутните. Станува збор за слатки производи со иновативна рецептура базирани на трендот за производи со природни состојки, намалени шеќери и јаглехидрати и високо количество на протеини. Особено наменети за динамичните секојдневни активности и за модерните потрошувачи кои водат активен и брз животен стил, а воедно сакаат да се хранат здраво.

Keto pralines се неверојатно вкусни, но и здрави колачиња со темно чоколадо, путер од кикиритки и крцкави јаткасти плодови, кои содржат минимално ниво на јаглехидрати и шеќери, а се богат извор на протеин, што ги прави совршени за брза и слатка ужина во текот на напорниот ден. Protein Cookie, пак, е десерт идеален за луѓето кои вежбаат и водат активен живот. Високото ниво на протеин, а ниското ниво на шеќери овозможуваат природна регенерација на мускулите и даваат енергија, без притоа да се грижите за калориите кои ги внесувате.

Следејќи ги светските нутритивни трендови, Виталиа е постојано во тек со она што му е потребно на модерниот потрошувач. Во време кога здравата храна преовладува во потрошувачката кошничка, а истовремено се преферира таа да се консумира брзо, лесно и на „на нога“, Виталиа успева да најде одговор и да ги претвори овие детални преференци во нивна предност – креирајки производи кои се издвојуваат од конкуренцијата, што претставува и клучен дел од бренд стратегијата на оваа компанија.

*Промотивен текст

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Бизнис

Паднаа акциите на Netflix

Read more

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Read more

Волстрит паѓа четврти ден по ред

Read more

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Read more
 

Вести

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: „Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега

Читај повеќе

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Читај повеќе