Инспекции го тресат Клинички, се истражува смртта на 7-месечното бебе на Детската клиника

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) денеска е во вонредна контрола на работењето на Клиниката за детски болести во Скопје откако во неделата почина седуммесечно бебе. Директорот на ДСЗИ, Кирил Лазов, финален резултат од вонредниот надзор најави за утре.

„Во текот на денешниот ден од моја страна беше издаден налог за вонреден инспекциски надзор на Клиниката за детски болести со сознанија за починато седуммесечно бебе, кое, по искажување на директорот, било донесено со тешки оштетувања на повеќе органи. По утврдување на фактичката состојба во делот на приемот, во делот на укажување здравствена заштита, како и евидентирање, ние претпоставувам дека во текот на утрешниот ден ќе излеземе со поконкретни финални податоци“, рече директорот Лазов.

Родителите на седуммесечното бебе за медиумите рекоа дека првиот пат кога побарале помош оти бебето имало црвенило на лицето и нозете, по направената лабораторија, ги прошетале клиниките во „Мајка Тереза“, завршиле на Детската клиника, од каде што ги одбиле за хоспитализација. Но, по два дена, му се влошила состојбата на бебето, се вратиле на Детската клиника и бебето било хоспитализирано, но за пет дена починало.

Министерството за здравство извести дека бебето починало од сериозен синдром, кој зафатил повеќе органи. Телото на бебето е дадено на обдукција.

Ова е последен од низата смртни случаи на Детската клиника за кои ДСЗИ прави вонредни инспекциски надзори. Директорот Лазов вели дека за смртта на петгодишното девојче, кое на почетокот на минатиот месец почина на Детската клиника откога беше примено со силна главоболка, Клиниката не ги почитувала целосно мерките дадени од Инспекторатот.

„По наложените мерки, направивме контролен инспекциски надзор. Утврдивме дека делумно е постапено во делот на организацијата, како и во делот на привремените лиценци и факсимили за специјализантите. Издаден беше платен прекршочен налог, роковите течат, меѓутоа она што можам да го кажам е дека во периодот што следува повторно ќе направиме контролен и инспекциски надзор, вонреден, не само на Клиниката за детски болести туку и во моментот се вршат вонредни инспекциски надзори на другите клиники во кампусот ‘Мајка Тереза’“.

Петгодишното девојче почина од мозочен удар по две недели лекување на Детската клиника.

реклама

Научно објаснето: Еве како читањето го менува мозокот

Read more
Вработените во „Југохром“ бараат рестартирање на фабриката

Вработените во „Југохром“ бараат рестартирање на фабриката

Read more
Конго: 11 убиени при упад во затвор, 930 затвореници избегале

Конго: 11 убиени при упад во затвор, 930 затвореници избегале

Read more
Компир салата со туна

Компир салата со туна

Read more

Хроника

Прегазен пешак во Битола: Со тешки повреди е пренесен во болница

Read more

Истраги за два случаи на сексуално насилство врз деца во Кавадарци

Read more

Утрешното судење за пожарот во „Пулс“ е одложено за 26 јануари

Read more

Бугарин протеран од земјава, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина

Read more
 

Вести

И Македонија на листата на земји во кои САД ја запираат обработката на имигрантски визи

Читај повеќе

Ужасна несреќа во Тајланд: Кран падна врз воз, триесетина загинати

Читај повеќе

САД го запира издавањето визи за 75 земји

Читај повеќе

Филипче: Нема услови за укинување на техничката влада

Читај повеќе

ДУИ за една изборна единица бара со праг од 5%, за укинувањето на техничката влада предложи консултација со ЕУ и САД

Читај повеќе

Движењето ЗНАМ е за укинување на Пржинската влада и воведување една изборна единица

Читај повеќе
  • play_arrow

Иран заплени десетици Starlink антени

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев по лидерската: Изборен законик, Омбудсман, апанажи, патни трошоци, Кочани, Пржинска влада, минимална плата

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: Техничката влада треба да замине во минатото, но ако СДСМ мислат дека е потребна за следните избори, во ред, прифаќаме

Читај повеќе