„Инспектори од полиција ме мачеа за да сведочам за случајот“, повтори клучниот сведок во „Сопот“

„Бев малтретиран и мачен и психички и физички и на секаков друг начин. Лицата на оние кои ме сослушуваа нема никогаш да им ги заборавам“, рече Рамадан Бајрами, клучниот сведок во случајот „Сопот“, кој денеска првпат јавно проговори пред новинарите за неговото сведочење на кое се темелеше пресудата за овој случај.

Тој изјави дека кога се случил настанот тој не бил присутен во Македонија. „Кога се случи случајот јас воопшто не бев присутен во Македонија. Имам печат на пасошот. Докажано е дека не сум бил во Македонија“, рече тој.

Бајрами и порано пред судот раскажуваше како го мачеле десетина цивили, а инспектори од кумановската полиција го тепале. Потоа му покажале нацртана скица за настанот и имињата на осомничените кои наводно ја испланирале експлозијата, и побарале од него да ја прецрта со негов ракопис.  На судот сведокот тогаш му ги покажа раните и дупките на телото, кои, според него, ги добил од малтретирањата во 2003 година.

Обвинителката Фатиме Фетаи на прес-конференција во мај изјави дека исказот на сведокот Рамадан Бајрами, на кој доказ се изведени сите пресуди во случајот е изнуден исказ. Фетаи тогаш рече дека МВР и службени лица извршиле кривично дело тортура врз сведокот. Вештачењето на СЈО покажало дека кај сведокот се утврдени последици по психичкото здравје, но бидејќи не оставиле трајни последици, таквите дејствија се застарени за да бидат гонети, па кривичното дело застарело во 2008 година. Сепак, и покрај застареноста на гонење, доказите и фактите имаат директни импликации врз постапката која се води пред кривичниот суд, рече тогаш Фетаи. Обвинителката посочи дека за овој случај отвориле и предистражна постапка, но не обелодени детали.

Во еден од прислушуваните разговори, кои ги објави СДСМ, има разговор меѓу поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и тогашниот директор на тајната полиција Сашо Мијалков, за случајот „Сопот“. Според снимката, Јанкулоска му сугерира на Мијалков дека за случајот треба да биде консултиран и тогашниот премиер Никола Груевски, за да се види како да се продолжи со овој чувствителен случај, при што и двајцата признаваат дека претходната пресуда со која беа осудени обвинетите, се потпира на „тенки докази“.

11 жители на кумановското село Сопот, се осудени дека во 2003 година поставиле мина која експлодирала, при што загинаа двајца НАТО војници од полскиот контингент и еден македонски цивил. Постапката ја води судијата Деана Груевска Илиевска.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Македонија

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Read more

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Read more

Пендаровски со претставка за говорот на омраза, навредите и дискриминацијата од страна на Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

Read more

ДУИ си играше власт: Османи стана претседател, Села на Собранието, Бугарите влегоа во Уставот

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе